verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментарите на новинарот ја попречуваат објективноста на читателот

on 18 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-76-dikur-bashke-e-plane-mjaft-cfare-nd_-http___www-aktuale-mk_dikur-bashke

 

Напис: Едно време „заедно“ и со многу планови. Што се случи наеднаш?! (ФОТО)

Опозицискиот СДСМ и Движењето „Беса“, поточно двојката Зоран Заев и Билал Касами, еднаш излегоа со заедничка изјава околу предвремените избори и близу до остварување на една меѓуетничка предизборна коалиција (датум 24 април, за потоа да има одложување).

Толку добро им одеше муабетот, што бевме сведоци и на присуството на припадниците на Беса на протести заедно со СДСМ, организирани од „Шарената револуција“, иницирани исто така од македонската опозиција, или и со заеднички настани близу еден до друг, но потоа, одеднаш, работите се сменија.

Ова кумство изгледа се расипа откако еден новинар премина во редовите на СДСМ и сè тргна наопаку. На ова се додаде и фактот дека СДСМ тргнала во лов по албанските гласови преку малите вонсобраниски партии и ова како да го зголеми непријателството меѓу македонските и албанските опозиционери?!

Додека СДСМ цели кон влез во теренот на малите партии, овие последните не одговориле со некоја јасна или противничка стратегија.

„Ќе има и албански социјалдемократи и тие не се повеќе маша за договарање… Или од другите партии, како, на пример, Беса, Унитети. Ова е новото време. Злоупотребата на албанскиот глас му припаѓа на минатото“, предупреди Заев на интервју за една локална национална телевизија.

Но, како ќе се одвиваат настаните понатаму допрва ќе видиме, а политичка „битка“ само што почнала.

 

[Рецензија:„Едно време „заедно“ и со многу планови. Што се случи наеднаш?! (ФОТО)“]

Информирањето придружувано со коментари ја стеснува можноста на читателот да добие информации за важните аспекти на едно прашање, основата, за потоа самиот да изгради перцепција и проценка за тоа прашање. Наметнувањето на проценката на самиот новинар кај читателот, со директни коментари, не е професиоална практика. На читателот треба да му се овозможи сеопфатен поглед за настанот и потоа тој самиот може да дава боја и проценка на параболата што произлегува од содржината.

aktuale-dikur-bashke-e-plane-mjafte-cfare-ndodhi-pernjehere-1Линк до оригиналниот напис: „Едно време „заедно“ и со многу планови. Што се случи наеднаш?! (ФОТО)

 

Датум и време на објавување: 09.10.2016

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

Можната коалиција меѓу две партии со различна етничка провиниенција, СДСМ и Беса, е целата идеја околу која се врти овој текст. Но, овде има една претерана доза коментар. Толку претерана, што и идејата за да се потврдат „гласините“ преку официјалните извори, по сè изгледа, се сметала за непотребна.

„Толку добро им одеше муабетот, што бевме сведоци и на присуството на припадниците на Беса на протести заедно со СДСМ, организирани од „Шарената револуција“, иницирани исто така од македонската опозиција или и со заеднички настани близу еден до друг, но потоа, одеднаш, работите се сменија“.

Партиите требало да ја коментираат нивната некогашна соработка, излегувањето на протести за истата кауза, дискусиите (доколку ги имало) за предизборна коалиција и слично. Освен тоа што било некогаш, авторот можел да праша каква е ситуацијата денес. Не само што можел, туку морал да праша. Наместо ова, во оваа вест шпекулациите повторно го зафаќаат местото резервирано за фактите.

„Ова кумство изгледа се расипа откако еден новинар премина во редовите на СДСМ и сè тргна наопаку. На ова се додаде и фактот дека СДСМ тргнала во лов по албанските гласови преку малите вонсобраниски партии и ова како да го зголеми непријателството меѓу македонските и албанските опозиционери? Додека СДСМ цели кон влез во теренот на малите партии, овие последните не одговориле со некоја јасна или противничка стратегија…. Но, како ќе се одвиваат настаните понатаму допрва ќе видиме, а политичка „битка“ само што почнала“.

Секако дека се очекува да видиме како ќе се одвиваат настаните. Овде нема место за дискусии. Но, што би се случило доколку, наместо да дискутираше јавно како што дискутира со себеси, авторот ни презентираше факти што сами ќе зборуваа за можните сценарија? Секако дека неговата анализа ќе беше многу покоректна и пообјективна. Да им претходиш на настаните е професионална способност, особено во времето на големата динамика на кружење на информациите. Што било друго, „не држи вода“ за да се продаде како вест и да се претстави објективното.

Прирачник за етика во новинарството:

Новинарите имаат право на свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.

Треба јасно да биде поделено кои се факти, а кои информации и кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести