verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментари маскирани во статија

on 15 - 07 - 2016       

 

Zurnal za obse

[Рецензија: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач]

 

 

Текстот кој е предмет на оваа рецензија содржи низа коментари, без никакви аргументи, а нема ниту извори. Написот има цел да дискредитира еден од поддржувачите на „Шарената револуција“.

 

 

ПРОВОКАЦИЈА Полицајци напуштија обука од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач

Датум и време на објавување: 12.07.2016, 22:12

Датум на рецензирање: 15.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

АХ, ТИЕ „ПОДМОЛНИ“ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБСЕ…

„Претставниците на ОБСЕ денеска добија ладен туш, откако подмолно се обидоа на полициските службеници да им подметнат како предавач лице кое е неколкукратно пријавувано за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир и кое изминативе месеци редовно ја предводи агресивната толпа која физички ја напаѓа полицијата и вербално ја навредува“.

Уште на самиот почеток на текстот се напаѓаат претставници на ОБСЕ дека нешто подмолно направиле. Исто така, веднаш, без да се посочува за кого конкретно станува збор, се етикетира лицето кое било предавач, претставувајќи им го на читателите како најголем криминалец и насилник кој предводел некаква агресивна толпа која тепала полицајци. Уште пред да помисли што било, читателот веќе има изградено слика, и тоа таа што му ја создава написот.

„Полициските службеници кои го препознале Павле Беловски, еден од најагресивните претставници на вандалските протести на СДСМ – СОРОС, во знак на револт ја напуштиле обуката организирана од ОБСЕ на тема „кривични дела од омраза“.“

Во вториот дел од текстот веќе станува јасно на кого се мисли, иако му е згрешено името. Имено, доколку ја отворите веста на други веб-страници, ќе видите дека насилникот за кој се зборува во текстот е, всушност, Павле Богоевски, еден од предводниците на „Шарената револуција“. Она што, исто така, е заборавено да се спомне во написот е дека Богоевски е поранешен асистент на Факултетот за безбедност во Скопје, така што не случајно бил избран за предавач. Тој имал стручно знаење.

„Револтираните полициски службеници овој чин на претставниците на ОБСЕ го толкувале како обид за нивно лично понижување на македонската полиција. Во меѓусебните коментари откако напуштиле обуката, побарале жестока реакција до меѓународните претставници кои со ваквите акти ја понижуваат државата.“

 

ИЗВОР? ПА, НЕМА….

Понатаму, не е наведен никаков извор во текстот. Од каде се информациите, на јавноста ѝ останува непознато. Дали можеби се измислени? Зошто не е побарана втората страна во приказната, на пример, зошто не е побарана реакција од канцеларијата на ОБСЕ, па оттаму да одговорат дали го поканиле Богоевски за подмолно да ги испровоцираат полицајците, како што се тврди во текстот, или, пак, целта била друга. Зошто не е побаран став од МВР, зошто информацијата не е проверена таму? Вака, кога написот е едностран, читателот не може сам да расуди, туку може да го мисли само она што му се нуди. А, тоа во новинарството е неприфатливо.

Целта на овој „новинарски“ производ е очигледна. Со сите сили да се удри по „Шарената револуција“ и по нејзиниот претставник, без притоа да се користат аргументи. Најсилен аргумент во овој текст се коментарите.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести