verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Вака гинат пешаци во Скопје

on 17 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-vozila-crop-resize

 

„Една птица не носи пролет“, можеби е најблиското објаснување за да се даде некаков став за овој текст. Во написов, од една фотографија, на која се гледа како некој човек недозволено поминува улица, се прави една цела анализа. И тоа неуспешна, секако. Точна е констатацијата на читателот по чија препорака го рецензираме овој текст во која вели:

„Ниту има слика како гинат, ниту има интервју со тој што поминува, ниту има статистика од МВР колку гинат тука, ниту информација зошто нема пешачки премин (растојание меѓу двата е 250 метри, а по закон мора на 100 метри), ниту извори…“

recenzija vozilaЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Вака гинат пешаци во Скопје

Датум и време на објавување: 14.04.2015, 11:36

Датум на рецензирање: 16.04.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЗАКЛУЧОК ОД ЕДНА ФОТОГРАФИЈА

Текстот од една фотографија изнесува заклучок. Тоа можеби и не би било проблем да не станува збор за ваква чувствителна тема. Најверојатно и можело од ова да излезе солидна анализа ако се отворела веб-страницата на Министерството за внатрешни работи и се побарала последната статистика за оваа проблематика. Или, исто така, решение би било да се земе некоја изјава од експерт за оваа област. Тоа тука не е сторено.

Друга работа е што во написот никаде нема каде се случило, на која улица.

Можеби само како класична вест со друг наслов, текстот и би можел да биде како што треба. Вака, со наслов кој сугерира, е надвор од сите новинарски стандарди.

Текстот, покрај тоа што има лош наслов, не одговара ниту на новинарските прашања кои се задолжителни во секоја информација. Нема каде, како, кога, со што… Поради тоа и е тука на рецензија како пример кој е недоволно разработен затоа што не е содржаен, а згора на тоа има и целосно промашен наслов.

Работа на новинарот е да го доработува текстот кој почнал да го пишува. Овој изледа како да е оставен на половина, или се немало доволно информации. Во таков случај веста не заслужува да биде објавена. Барем не на ваков начин.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести