verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Евтино новинарство

on 7 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

telegraf

[Рецензија: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ]

 

Во оваа медиумска содржина, меѓу другите, најголем проблем ми претставува вистинитоста. Да тргнеме од првата пласирана теза:

„Во опозициските кругови се зборува дека дошло до сериозно разединување помеѓу „шарените“ и раководството на СДСМ“.

Едно вакво тврдење без наведен извор, навистина ја доведува во прашање вистинитоста на информацијата. Всушност, целиот текст е направен без ниту еден извор и тоа го предизвикува следниот недостаток на овој медиумски пакет – содржајноста.

Таа, содржајноста, не може да се постигне кога немате разноличност и избалансираност на изворите на информации.

 

 

07072016-Telegraf-Protesti-Линк до оригиналниот напис: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ

Датум и време на објавување: 06.07.2016, 10:58

Датум на рецензирање: 07.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ГОВОР НА НЕТОЛЕРАНЦИЈА

Она што го има текстот се пристрасност, коментирање и манипулативна фотографија, а сите тие фактори на непрофесионалното новинарство придонесуваат да се користи говор на нетолеранција.

Да почнеме од последното: говорот на нетолеранција, кој произлегува од очигледната политичка пристрасност на текстот. Препознавајќи ги овие тенденции во новинарството, Кодексот на новинарите се обидува да предупреди на тој феномен со членот 10, во кој се вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Едно од човековите права, кај нас загарантирано и со Уставот, е правото на протест. Без разлика на политичката или каква било друга мотивација.

Оттаму, во медиумски текстови кои се раководат од овие принципи, не е можно да најдете интегрирани, скриени, коментари. Тоа го наложува и членот 13 од Кодексот на новинарите:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 

ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАН ТЕКСТ

Текстот што го рецензираме го пренебрегнува ова правило и е полн со коментари. Тоа го прави политички определен, иако и тоа е спротивно на Кодексот, бидејќи тој во членот 14 наложува новинарот да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

И тоа не е сѐ. Соодветен придонес кон манипулативноста и политичката пристрасност на овој текст дава и фотографијата, која треба да сугерира дека ГТЦ е грд објект кој треба да биде барокизиран.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести