verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Ексклузивно“ подгревање тензии и немири

on 5 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

centarnews

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ]

 

Текст кој во клучен и кревок период пред изборите закажани за 11 декември, тенденциозно подгрева насилна атмосфера и тензии преку ширење шпекулации кои ги претставува како ексклузивна информација.

Во написот се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, наводно,  подготвува насилно сценарио откако ќе загуби на изборите на 11 декември. Според напишаното, целта на ова сценарио, кое вклучува крв и немири, ни помалку ни повеќе била бегство на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

ekskluzivno-vmro-dpmne-sprema-nemiri-za-nokjnite-chasovi-do-11-ti-dekemriЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ

Датум и време на објавување: 30.11.2016

Датум на рецензирање: 04.12.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ШПЕКУЛАЦИИ

„Во ВМРО-ДПМНЕ се спрема сценарио за уфрлање на радикално насилни структури кои треба да предизвикаат немири и крв поради сознанијата за нивниот катастрофален пораз на изборите на 11-ти декември, ексклузивно дознава Centarnews од извори на раководството на владеачката партија. Позната криминална групација предводена од лица со дебело криминално досие со наредба од ВМРО-ДПМНЕ имаат задача да прават хаос во државата, посебно во ноќните часови, се со цел врвот на ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја напушти државата“.

Под превезот на фразата „дознаваме“, текстот ги манипулира читателите подметнувајќи им целосни шпекулации како точна и проверена информација.

За сето тоа што го тврди, текстот нема апсолутно никаква потврда од ниедна засегната страна. Ваквите силни констатации со остра и заплашувачка порака, за да остават впечаток на доверба кај јавноста, мораат да бидат поткрепени со некоја пореална и очигледна потврда, со нешто многу повеќе од „дознаваме“. Текстот е посиромашен и за официјална изјава и за став од ВМРО-ДПМНЕ.

Чиста претпоставка е и тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите следната недела. Не е објаснето како е дојдено до тој заклучок, дали преку резулатите од анкетите објавени во последен период или, пак, станува збор за нешто друго. Вака како што е напишано личи на „пуста желба“.

Текстот завршува со неколку тенденциозни прашања скроени во коментаторски манир. Се споменуваат отказни решенија, контрапротест, носење гласови… И под претпоставка дека ова е вистина, на читателот мора да му се прикажат примери кога тоа се случило, за тој самиот да се увери  дека напишаното е точно. Вака како што е пласирано, изгледа како да е само нафрлено, па  и измислено.

Почитувањето на принципите пропишани во Кодексот на новинарите треба да биде основа на секој новинарски текст. Тоа, за жал, не е случај со овој напис во кој се прекршени повеќе членови од Кодексот, меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. (1)

 

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). (10)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)

 

 Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести