verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверени информации за евтини изборни поени

on 6 - 12 - 2016       

 

tepacka-delcevo-centar-njuz

[Рецензија: Тепачка во штаб на ВМРО-ДПМНЕ Делчево – настрадал градоначалникот!]

 

Текстот е шпекулативен, без никаква поткрепа на изнесените податоци, што остава простор за сомневање во валидноста на пренесената информација.

tepachka-vo-shtab-na-vmro-dpmne-delchevo-nastradal-gradonachalnikotЛинк до оригиналниот напис: ТЕПАЧКА ВО ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО – НАСТРАДАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ! 

Датум и време на објавување: 03.12. 2016

Датум на рецензирање: 04. 12. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ВЕСТ ШТО НЕ Е ВЕСТ

„Наместо свечено, во среда навечер вербално и со тупаници завршило отварањето на Месен Штаб во населбата Милково Брдо во Делчево, дознава Centarnews. Како што тврдат присутните граѓани, дошло до физичка пресметка помеѓу наставник во едно општинско училиште и градоначалникот на Општина Делчево, господинот Дарко Шехтански. Во текот на вечерашниот ден покрај тоа што не одговорил на телефонските повици, градоначаникот бил и во дилема дали да го пријави случајот во МВР (Министерството за Внатрешни Работи). Нетрпеливоста во редовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево кулминираше и со птеиција против актуелниот кандидат за пратеник, пензионерката Милка Христова“.

Написот, според својата структура, претставува вест, но според начинот на пишување, не ги исполнува новинарските стандарди. Имено, во согласност со новинарските правила, секоја информација, доколку самиот новинар не е сведок на настанот, треба да биде проверена и да биде наведен изворот на информацијата. Дури и во случаи изворот да побара да остане анонимен, се дава одредено навестување, на пример „вели извор од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара да остане анонимен“.

Новинарските правила налагаат и информацијата што е можно попрецизно да се истражи, што значи, треба да се обиде да се идентификува наставникот кој, наводно, се степал со градоначалникот на Делчево и да се побара изјава од него, како и од градоначалникот Дарко Шехтански.

 

КОМУ НЕ МУ ОДГОВОРИЛ?

Во написот се наведува дека градоначалникот „не одговорил на телефонските повици“. Ваквата формулација укажува дека пред објавувањето на овој мал напис, од медиумот не бил контактиран Шехтански, туку, наводно, други лица го барале и не успеале да го добијат.

Дури и делот за наводното колебање на градоначалникот дали да го пријави случајот е шпекулативен – затоа што не е наведено кој тоа го тврди, кој е изворот и дали воопшто случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, бидејќи не се наведува дека при подготовката на овој текст е побарана информација од МВР дали има пријава за ваков инцидент во Делчево.

 

НЕИСПОЧИТУВАНИ НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ

Во согласност со новинарските правила, односно стандарди, наведени и во Кодексот на новинари, објавените информации треба да се точни, проверени и да не се прикриваат суштински податоци. Во случај информацијата да не може да се потврди или новинарот да бил спречен да дојде до бараната информација, тоа треба да се наведе. Изворот на информацијата, исто така, треба да се наведе, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Вака концепираниот напис остава впечаток дека има цел да го наруши угледот на градоначалникот и да создаде поинаква претстава за ситуацијата во владејачката партија, во екот на изборната кампања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести