verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Деликатна и важна тема – нецелосна и недообјаснета вест

on 12 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Nisi-ndërtimi-i-Kishës-në-Strugë-a-do-ta-bllokojë-Ziadin-Sela-Iliria-News-Agency1-504x380

 

Напис: Почна изградбата на црквата во Струга, дали Зијадин Села ќе ја блокира?

Само што почна да се гради црквата среде Струга, каде уште не се знае дали ќе има некој крст како оној во Бутел или не. Ако нема да има огромен крст, не е верско поттикнување.

Како што дознаваме, црквата нема дозвола за градба и за тоа место сè уште се води судски процес.

Инаку, пред неколку месеци, ДУИ го блокираше поставувањето на еден огромен крст во општина Бутел.

 

[Рецензија: Почна изградбата на црквата во Струга, дали Зијадин Села ќе ја блокира]

Верските теми во Македонија секогаш биле деликатни и комплицирани, затоа бараат и повнимателен, сеопфатен и професионален пристап од страна на новинарот. Што се однесува до написот кој е предмет на рецензија, текстот е многу млак, без информации, со нецелосни или непотврдени информации.

Nisi ndërtimi i Kishës në Strugë a do ta bllokojë Ziadin Sela Iliria News AgencyЛинк до оригиналниот напис: Почна изградбата на Црквата во Струга, дали Зиадин Села ќе ја блокира?

Датум и време на објавување: 04/06/2016

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

Иако текстот е краток, преку него се лансираат неколку реченици што не се во иста линија со новинарските начела.

„Само што почна да се гради црквата среде Струга каде уште не се знае дали ќе има некој крст како оној во Бутел или не. Ако нема да има огромен крст, не е верско поттикнување“.

Не е работа на новинарот да суди и да констатира кое дело или предмет претставува поттикнување на меѓуверска омраза. Ова треба да го прават законските прописи и државните институции, кои во конкретниот случај ја дозволуваат изградбата на ваквите објекти. И самиот верски објект не би можел да поттикне омраза кон другата верска заедница, колку што може да поттикнат тенденциозните и сензационални написи на новинарите, полни со констатации и со лични неосновани мислења.

„Инаку, пред неколку месеци, ДУИ го блокираше поставувањето на еден огромен крст во општина Бутел“. 

Уште една неточна реченица или барем не елаборирана како што треба. Вака како што е формулирана, оваа реченица дава погрешна слика за целосната вистина околу поставувањето на крстот во Бутел. Вистината е дека работите за поставувањето на овој крст, како што потврдува и овој документ, не биле спречени, туку по поставувањето на камен-темелникот и неговото уривање од страна на активистите на ДУИ, со политички договор работата е запрена на неопределено време.

Исто така, насловот на текстот е тенденциозен и не се совпаѓа воопшто со содржината на текстот. Новинарот не само што не побарал одговор од Зијадин Села за прашањето поставено во насловот, туку ниту се занимавал повеќе со тоа прашање во внатрешноста на текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести