verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без докази ексклузивното останува шпекулација

on 13 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 212 - Ekskluzive_ VMRO i ofron BDI-së 200 m_ - http___ina-online.net_ekskluzive-v

Напис – Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200 милиони евра за формирање на владата

Порталот „Мактел“, повикувајќи се на истражувани извори, вели дека ВМРО на Груевски ѝ понудила на ДУИ околу 200 милиони евра за составување на идната влада на Македонија, пренесува новинската агенција ИНА.

Изворите велат дека преговорите за идната влада ги води Муса Џафери со Сашо Мијалков и дека нивните средби се остварени во еден скопски хотел. Порталот дознава дека преговорите првенствено почнале со 50 милиони евра во готово, а другиот дел преку други фирми, вклучувајќи ги тука и тендерите во идната влада. Но, како што се зборува, ова сума не е прифатена и ДУИ побарала 200 милиони.

 

[Рецензија- „Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200 милиони евра за формирање на владата“]

Важните вести се такви поради важноста на настанот и на убедливите факти кои се нудат за да се потврди вистинитоста на тоа што е напишано во еден напис. Новинарите не смеат да дозволат да пласираат информации без истите да ги потврдат најдобро што можат. Ова може да се оствари многу лесно, ако тоа што го вели новинарот држи вода и новинарот пристапил на соодветен начин, почитувајќи ги етичките стандарди на неговата професија. За текстот што го рецензираме можеме да кажеме дека спаѓа во групата на информации кои авторот ги пуштил во јавноста без да ги потврди на начин на кој налага неговата професија.

ina-ekskluzive-vmro-i-ofron-bdi-sw-200-milion-euro-per-formimin-e-qeverise-1Линк до оригиналниот напис: „Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200 милиони евра за формирање на владата

Датум на објавување: 30.12.2016

Датум на рецензирање: 11.01.2017

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Составувањето на новата влада е прашање од јавен интерес, а не пазар за лични интереси на политичките партии. Затоа, една ваква информација, која несомнено е од јавен интерес, не требало да се третира со толкава професионална рамнодушност. Освен ако ова ја докажува професионалната неспособност за потврдување дали дадените претпоставки во текстот се или не се вистинити.

„Порталот „Мактел“, повикувајќи се на добро истражувани извори, пренесува дека ВМРО на Груевски ѝ понудила на ДУИ околу 200 милиони евра за составување на идната влада на Македонија…

… преговорите за идната влада ги води Муса Џафери со Сашо Мијалков и нивните средби се остварени во еден скопски хотел.

… преговорите првенствено почнале со 50 милиони евра во готово, а другиот дел преку други фирми, вклучувајќи ги тука и тендерите во идната влада. Но, како што се зборува, ова сума не е прифатена и ДУИ побарала 200 милиони“.

ИНА се повикала на еден друг медиум, верувајќи во неговото истражување, но не кажува дали „Мактел“ имал некој факт со кој би се докажала вистинитоста на тврдењата, освен анонимните извори.

Прирачник за етика во новинарство:

Новинарот секогаш треба да биде критичен кон изворот и да ги провери доставените информации. Особено внимание треба да се обрне во ситуации кога се користат анонимни извори или кога на новинарот му се нудат ексклузивни информации. Тогаш треба особено строго да се проверат мотивите на доставувачот на информацијата.

Етичкиот кодекс дозволува да се објавуваат и информации кои новинарот не успева да ги потврди докрај, доколку информацијата е од исклучителен јавен интерес. Меѓутоа, ова треба да се нагласи.

Доколку новинарот процени дека непотврдената информација е од јавен интерес, должен е да ја објави, но со јасна назнака дека станува збор за непотврдена информација.

Освен тоа, авторот кој ја објавува веста и во случај кога се повикува на друг медиум за ексклузивност, мора да истражува и самиот за да ја потврди истата. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, па дури и самиот Муса Џафери , требало да бидат контактирани и да се побара нивен став за обвинувањата кои се однесуваат на нив. Повторно, тоа го налагаат етичките правила во новинарството:

Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот производ да го кажат својот став. Ова особено во случаи кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и на критика.

Кршејќи неколку од основните правила на професионалната етика, написот е неверодостоен и тенденциозен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести