verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Викторио Јаковлески

Рецензија: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д.

на 17. 11. 2014 | | sq
Не секогаш една содржина треба да биде објавена, особено ако таа нема информација во себе. Така, кога работи „новинарството“„копи-пејст“, можеби се создава квантитет и се исполнува нормата на создадени текстови, но тогаш веќе за квалитет не може да се зборува. И не само што не може да стане збор за квалитет, во конкретниот случај не може да стане збор ни за новинарски производ. Ако се пласира на некој од медиумите, а не е новинарски производ кој содржи информации, тогаш чуму објавата? Линк до анализираниот напис: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д. Датум и време на објавување: 30.1 2014, 12:25 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Викторио Јаковлески Конкретната објавена содржина (не може да се говори за информација) е дел од дневниот билтен на МВР,

Рецензија: Пилотот Митре отишол да ја вери, манекенката Орешкова побегнала со манекенот Кристијан

на 6. 11. 2014 | |
Целиот овој текст е наратив на непотпишан автор, а всушност е прераскажување на чаршиски муабет за „пилотот Митре, манекенката Цеце и за манекенот Кристијан“. Ваквото „новинарство“ очигледно им пречи и на читателите, па и оваа рецензија е на предлог на читател. Наслов на анализираниот напис:  Пилотот Митре отишол да ја вери, манекенката Орешкова побегнала со манекенот Кристијан Датум и време на објавување: 30.10.2014, 00:19 Датум на рецензирање: 3.11.2014 Рецензент: Викторио Јаковлески   КАКО МУАБЕТ „НА СЕЛСКА ЧЕШМА“ И покрај тоа што актерите во оваа приказна се живи и здрави, а сигурно и лесно достапни, авторот одбира да си ја раскаже слушнатата приказна, тамам и да не е вистинита. Небаре, така се зборувало „на чешма“ и тоа мора да биде точно.

Претплатете се за најнови вести