verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пилотот Митре отишол да ја вери, манекенката Орешкова побегнала со манекенот Кристијан

on 6 - 11 - 2014       

Пилотот Митре отишол да ја вери манекенката-09876-098-crop-resize

Целиот овој текст е наратив на непотпишан автор, а всушност е прераскажување на чаршиски муабет за „пилотот Митре, манекенката Цеце и за манекенот Кристијан“. Ваквото „новинарство“ очигледно им пречи и на читателите, па и оваа рецензија е на предлог на читател.

Пилотот Митре отишол да ја вери манекенката-09876-098Наслов на анализираниот напис:  Пилотот Митре отишол да ја вери, манекенката Орешкова побегнала со манекенот Кристијан

Датум и време на објавување: 30.10.2014, 00:19

Датум на рецензирање: 3.11.2014

Рецензент: Викторио Јаковлески

 

КАКО МУАБЕТ „НА СЕЛСКА ЧЕШМА“

И покрај тоа што актерите во оваа приказна се живи и здрави, а сигурно и лесно достапни, авторот одбира да си ја раскаже слушнатата приказна, тамам и да не е вистинита. Небаре, така се зборувало „на чешма“ и тоа мора да биде точно. Главните актери во приказната изгледа како да не се толку битни за авторот на текстот, кога веќе избрал да не ги праша што навистина се случило. Сепак, очигледно е спротивното, за случајот на манекенката, авторот е многу заинтересиран, како што и самиот наведува во текстот:

„Таа како што пишувавме извесно време му беше и гостинка во неговиот дом таму и меѓу нив се развила љубов.“

Во овој текст, за жал, потребата за вистинитост е анулирана со потребата за зголемена читаност, забава, сензационализам и за број на „лајкови“.

Приказната е исплетена врз основа на информациите од „нивни заеднички пријатели“, „изворите“, „нејзини пријателки“ или, пак, „нејзини блиски“. Никаде го нема ставот на актерите во приказната, нивната вистина или, пак, образложение дека не сакале да одговорат на прашањата.

Уште во првиот член од Кодексот на новинарите на Македонија е кажано дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации, а ако информацијата не може да ја потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да го каже и да го објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Добро, тука се работи за содржина од забавен карактер и, можеби, нема потреба од инсистирање на стриктно детално придржување до Кодексот, но, сепак, основите се задолжителни за сите, а веројатно и личностите за кои се говори во текстот не се толку недопирливи за да бидат прашани.

Како потврда на ова, во истиот медиум следи и демантот од страна на, пилотот Митре Крајовски, кој го негира сето изнесено во написот и во кој тој се заканува со тужба.

Медиумот и авторот се за пофалба што го објавуваат демантот, но повторно се испушта можноста тоа да се направи во интегрална верзија, туку по мал цитат, се продолжува со коментар.

Ако основата на секој новинарски жанр е да има одредена порака, цел и влијание врз јавното мислење, ни од далеку не е јасна потребата да се изнесе на виделина нечија толку приватна работа, тамам и наведеното во написот да е сосема точно. И Кодексот во член 7 вели:

„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.“

Тука не може да се говори за некаков јавен интерес. Напротив, се чепка во приватност, во интима. Оваа афера, доколку е вистинита, па и да не е, би можела да предизвика серија проблеми во животите на тројцата наведени актери од приказната, но и пошироко, на нивните семејства, партнери…

Се наметнуваат прашањата, дали евентуалната штета е пресметана пред да се објави овој напис, дали е проценето дали еден „лајк“ вреди повеќе од, на пример, душевниот мир на еден човек?

Веднаш под насловот се поставени три фотографии, кои изгледаат тенденциозно, а авторот на текстот навистина се потрудил да ги најде за да го илустрира своето „дело“. Манекенката, како неостварена невеста, е во невестински фустан, додека пилотот, според контекстот на написот како „насамарен и нереализиран младоженец“, е прикажан со послободна и разголена фотографија, а не во убава пилотска униформа или, пак, обична секојдневна гардероба. И на крај, повторно манекенката во послободна, провокативна и асоцијативна поза. Фотографиите во текстот ја создаваат приказната сами по себе. Манекенот, новиот свршеник, не е прикажан со фотографија.

Ако биле почитувани неколку сегменти од првиот член од Кодексот, авторот ќе можел да ја објави истата „сензационална вест“, која немало да ја има формата на муабет „на селска чешма“, туку ќе располагала со точни информациии, немало да има потреба да ја чека тужбата од една од засегнатите страни. Вака, штетата е направена…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести