verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ако нема верификација, има пристрасност

on 11 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

05082015-Press24-SDSM-Hulig-crop-resize

[Рецензија: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници]

 

Кој верификува настани и активности за кои треба да известуваат новинарите? Самите новинари, доколку се на лице место, организатори и учесниците на тие настани и овластените лица кои, соодветно на природата на настанот, се во некаква врска со нив, портпаролите или другите задолжени за комуникација со медиумите и со јавноста во полицијата, болниците, пожарните служби, центрите за менаџирање кризни ситуации…

05082015-Press24-SDSM-HuligЛинк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници

Датум и време на објавување: 07.05.2015, 00:14

Датум на рецензирање: 08.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Ниту еден од наведените начини за верификација на настани, дејства, луѓе… за кои известуваат новинарите, во овој случај, на оваа медиумска содржина не е употребен.

Дури и да прифатиме дека приложениот видеозапис врз кој се прави изведувањето на клучниот заклучок дека „вандали на СДСМ“ нападнале автобус на ЈСП и недолжни патници е автентично новинарска продукција, тоа не е доволно да се креира ваков заклучок.

Велиме „дури и да прифатиме…“, зашто ако внимателно се слуша разговорот што се води во аудиофонот на видеоснимката, со голема мера сигурност може да се каже дека видеозаписот е дел од оперативните активности на полицијата.

Дури и да не е, доколку новинарот на медиумот што го објавува овој видеозапис бил до камерата, може да се заклучи дека бил во близина на полициски служебници. Тоа значи дека тој имал шанса да се распраша за идентитетот на лицата што го попречуваат сообраќајот и претставуваат закана за минувачите.

Исто така е чудно зошто новинарската екипа не прашува зошто полицијата не интервенира во случајот? Тие прашања, по цена и да не биле удостоени со одговор, се логична реакција на љубопитството на новинарите.

Значи, да заклучиме, без ниту еден извор за да ја потврди тезата на оваа содржина, нејзините автори сугерираат и во насловот и во кусиот текст дека лицата на улицата се од некоја политичка партија. Тоа не е постапка која оддава професионално новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Сугерира неосновано

некреативен

сензационален

Сугерира неосновано

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести