verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ова воопшто не може да се нарече новинарски текст. А, што е? Никој не знае

on 11 - 05 - 2015       

megafoni-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?!]

 

Ова е уште еден спин од серијата последниве денови, на кои не им се знае бројот. И една и едниствена цел има – да ги оцрни медиумите кои критички ја опсервираат власта и, секако, секогаш „виновната“ Фондација „Отворено општество Македонија“ (дел од мрежата Сорос-фондации). Инаку, целиот текст нема ама баш никаква врска со вистината.

megafoniЛинк до оригиналниот напис: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?!

Датум и време на објавување: 07.05.2015, 10:58

Датум на рецензирање: 08.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СПИН КОЈ СЕ ГЛЕДА ОД АВИОН

„Организаторите на протестите во Скопје, СДСМ и Сорос, подготвуваат поголемо и покрваво сценарио. Тоа го потврдија и нивните членови и поддржувачи. Тие јавно, пред камерите, изјавуваа дека она што се случуваше пред Владата во вторникот не е ништо повеќе од најава на тоа што го подготвуваат.“

Вака почнува текстот и – никому ништо. Нема ниту кој кажал, ниту каде кажал, што кажал, како, за што… Важно текстот има коментар кој сака да се прикаже како факт и сега читателот треба да му поверува. На невидено!

Понатаму текстот во овој спин ги вметнува и медиумите, кои објавиле правила на однесување на протест. И, замислете, текстот мисли дека тоа е крвавото сценарио. Ај што не прашал никого од тие што ги обвинува, туку и крајно здраворазумски се гледа дека тие правила се за да не се случи крвав настан. Не знам како и со кои очи се гледани правилата, ама ова од авион се гледа дека е спин.

А еве што овој медиум карактеризира како обид за крваво сценарио. Во правилата стои:

  • Не носете ги вашите деца на протестите;
  • Не носете ги вашите миленици на протестите;
  • Не носете ги вашите велосипеди на протестите;
  • Дојдете со наполнета батерија на мобилнниот телефон;
  • Дојдете најадени;
  • Со вас носете вода и доколку сте во можност, половина литар млеко;

Од ова по ништо не може да произлезе дека е насока за крваво сценарио, освен ако се мисли на млекото кое може да предизвика проблеми со стомакот.

И во продолжение на препораките има објаснување зошто треба вака да се однесува и овие работи да се почитуваат:

  1. Избегнувајте судири со полицијата. Немојте да влегувате во лични конфронтации со поединечни полициски службеници (пцуење, плукање и сл.);
  2. При судир на протестантите со полицијата, обидете се да останете смирени и повлечете се кон задниот дел на групата;
  3. Кога групата или полицијата се движи, не седнувајте на земја;
  4. Кога полицијата применува сила или приведува, не повлекувајте се во затворени простории (влезови, читални, кафулиња и сл.) и во тесни улички. Повлекувајте се на отворен простор, каде нема полициско присуство. Не двојте се од групата.
  5. Во случај на стампедо, трчајте со рацете испружени напред во висина на градниот кош. Доколку забележите дека некој пред вас паднал на земја, викнете гласно „пази“ и обидете се да го/ја подигнете без да изгубите од брзината на движење;
  6. При примена на солзавец, консумирајте млеко и покријте ги устата и носот со парче ткаенина или облека (маица, марама и сл.);
  7. При примена на сила од полицијата и при приведување граѓани, обидете се да го снимите постапувањето на полицијата, доколку тоа не претставува ризик за вашата безбедност;
  8. Доколку полицијата примени сила врз вас и ве турне на земја, обидете се да се поставите во позиција на фетус и да го заштитите лицето, главата и вратот. Бидете гласни и викајте „помош“ за да го привлечете вниманието на медиумите и на присутните;
  9. Доколку врз вас или врз некој кој ви е познат (со име и со презиме) биде применета сила или бидете приведени, обратете се на тел. 02 3119 073 и 078 252 812 за бесплатна правна помош од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во овие правила во ниту една точка нема повик на насилство.

Ова е уште еден текст во низата за оцрнување. Катастрофално е, пак, што целосно е извртена вистината и тоа се пласира во медиум. Среќа што народот знае да чита, па препознава што е точно, а што не. Инаку, ова воопшто не може да се нарече новинарски текст. А, што е? Никој не знае. Ниту тие!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести