verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

40 лица во 2 автомобила, нов рекорд во Гинисовата книга

on 27 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

04242015-Dnevnik-Goscince-crop-resize

[Рецензија: Напаѓачите на Гошинце дошле со автомобили од Косово и избегале таму]

 

Дури трипати во текстот што го рецензираме, од страна на кососвките власти, не е потврдена веста, која на 21 април ги вознемири граѓаните на Република Македонија, дека околу 40 лица во униформи на УЧК ја нападнале граничната караула во близината на селото Гошинце, на граничната линија со Косово.

Еднаш во првичното соопштение на косовската полиција, вторпат во изјавата на портпаролката на МВР на Косово и третпат, директно и на новинарот на медиумот и автор на оваа медиумска содржина што ја рецензираме.

Зошто ја рецензираме? Зашто освен овие контрадикторности кои не се расчистени, во оваа информација има една прилично чудна новина – дека 40-тината лица во униформи на УЧК до караулата дошле од косовска страна во – два автомобила (?!?). Четериесетина во два автомобила.

Веднаш да кажеме дека ова не е тврдење на новинарот, туку тој пренесува изјава од портпаролот на македонското МВР. Она што зачудува е како е можно едно вакво тврдење – 40-тина во два автомобила, да помине без потпрашање, без љубопиство на новинарот или на новинарите ако било кажано пред повеќемина. Зашто е наведено дека ова е кажано во изјава за медиумот.

04242015-Dnevnik-GoscinceЛинк до оригиналниот напис: Напаѓачите на Гошинце дошле со автомобили од Косово и избегале таму

Датум и време на објавување: 22.04.2015, 18:26

Датум на рецензирање: 24.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Истиот тој портпарол еден ден претходно, на 21 април, кога во утринските часови се случил нападот, соопшти, дека „поголема вооружена група од 40-тина … ја нападнаа караулата Гошинце.“ („Вооружена група од Косово ја нападна караулата во Гошинце“).

Во последниот став од членот 1 од Кодексот на новинарите пишува дека:

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

За жал, пропуштена е можност таа проверка на контрадикторниот податок „40 во 2 автомобила“ да се направи веднаш додека портпаролот ја искажувал оваа информација. Таквите постапки се случуваат тогаш кога е неразвиено чувството за препознавање чудни, контрадикторни факти, кога е недоволно развиена љубопитноста.

Она што е добро во оваа информација е што е искористена средбата со полицискиот портпарол за да се проверат информациите што се појавија во некои медиуми, кои се повикаа на извори од МВР (?!?), дека биле идентификувани дури четворица од 40-тината од групата што го извршила нападот на караулата.

Портпаролот изјави дека до тој момент не може да се каже дека напаѓачите се идентификувани. Тоа го потврди и еден од, сега веќе, неосновано, споменатите дека бил еден од напаѓачите на караулата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести