verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Желбите се едно, а професионалните вести сосема друго

on 17 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 216 - A po i plotësohet dëshira Menduh Thaç_ - http___www.almakos.com_po-plotesoh

 

Напис: Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!

Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната.

Експертите за правни прашања велат дека овој акт е противзаконски, затоа што Никола Груевски го нема парламентарното мнозинство за да биде токму тој мандатар на новата влада. Дел од експертите велат дека ќе треба да се состави експертска влада.

За одлуката на Иванов да му се даде мандатот на Груевски, денеска се изјаснија и од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса, пишува „Тетова 1“. Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до одлуката да не биде дел од новата влада заедно со Никола Груевски. Од Движењето Беса велат дека нема да влезат во владина коалиција со лица кои се под истрага од Специјалното јавно обвинителство.

Единствените што не се изјасниле досега и кои молчат, се 10 пратеници на ДУИ и два пратеника на ДПА.

По овој молк на овие албански политички партии, во јавноста се поставува прашањето, дали Мендух Тачи ќе биде новиот заменик-премиер во владата на Груевски?“/Teтова 1/

 

[Рецензија: „Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!“]

Дилемите на новинарите околу случувањата за кои известуваат можат да бидат многубројни. Не е погрешно ако јавноста се информира за можните сценарија околу тоа што може да се случи. Но, и за очекувањата треба да има објаснувања, аргументи: зошто е така, како било во минатото, што е кажано и како се дејствувало и кои се целите на дејствата што произлегуваат од тие сценарија. Поставувањето на прашањата и отворањето на дилемите без да се понуди ниеден одговор, не ја информираат јавноста.

Almakos - A po i plotesohet deshira Menduh Thacit qe te behet zevendes kryeminister i Gruevskit 1Линк до оригиналниот напис: „Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик премиер на Груевски?!“

Датум на објавување: 09.01.2016, 15:34

Датум на рецензирање: 11.01.2017

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Првиот проблем со овој пренесен напис се гледа уште во насловот, затоа што не само што се отвара една дилема за која не се дава одговор во продолжение на текстот, туку се дава и тенденциозен коментар кога се вели „заменик-премиер на Груевски“. Заменик-премиерот е дел од владата. На почеток на текстот има обид да му се даде поголема важност на тоа што е кажано, оценувајќи го како „зачудувачко за јавноста во земјата и за меѓународната јавност“, но без да се цитира ниедно лице што би ја претставувало таа јавност. Најголемиот дел од текстот е само обично повторување на ставовите на партиите. Најголема грешка, пак, е дилемата која се отвора на самиот крај.

„Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната… Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до нивната одлука да не бидат дел од новата влада заедно со Никола Груевски. Од Движењето Беса велат дека нема да влезат во владина коалиција со лица кои се под истрага од Специјалното јавно обвинителство. Единствените кои не се изјасниле досега и кои молчат, се 10 пратеници на ДУИ и два пратеника на ДПА. По овој молк на овие албански политички партии, во јавноста се поставува прашањето, дали Мендух Тачи ќе биде новиот заменик-премиер во владата на Груевски?“

Ова е една интересна и важна информација за јавноста, па затоа не случајно е поставено и прашањето во насловот за да предизвика љубопитност. Но, во содржината не се кажува од каде е земена оваа информација, кој е изворот, какви факти има, на што е заснована, итн. Фактот што две партии молчат и не се изјаснуваат за своите ставови, не е доволен показател да се отворат сомневања како што е именувањето на Мендух Тачи за заменик-премиер.

Прирачник за етика во новинарство:

Новинарот може да објави нешто за кое нема доволно докази, ама за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомневање. Основано сомневање подразбира презентирање на аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста.

Објавувањето на информацијата е направено без да се потврди вистинитоста од актерите во веста и без соодветни аргументи. Тие имаат право да се изјаснат околу тоа што е вистина во овие шпекулации, а без тоа веста останува само гласина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниеден извор

ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести