verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Затворени избирачките места-изборите фер и демократски

on 17 - 04 - 2014       

27-0987009988-009900-crop-resize

Во овој текст се гледа како со малку може многу да се расипе. Нешто слично како во готвењето – кога ќе се земе готов, проверен рецепт и наместо да се оди само по него, со ставање на еден единствен дополнителен зачин целото јадење ќе излезе лошо. Така е и во конкретниот пример: сѐ било веќе направено и готово, но некој турил само една мирудија и сѐ се измешало.

2Линк до оригиналниот напис: Затворени избирачките места-изборите фер и демократски

Датум и време на објавување: 13.04.2014, 19:05

Датум на рецензирање:  14.04.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЧИЈА Е ОЦЕНКАТА ЗА ИЗБОРНИОТ ДЕН?! 

Таа претходно спомената „мирудија“ овде многу повлијаела врз вистинтоста. Зошто? Затоа што се тврди нешто што со ништо не е аргументирано во текстот. Попрецизно: земен е готов текст и е „ископиран“ од збор до збор со исклучок на насловот кој, покрај „Затворени избирачките места“ конкретно е „зачинет“ со формулацијата „-изборите фер и демократски“ и со тоа е направена грешката. Прво, затоа што подолу во написот нема ништо што се однесува на степенот на демократичност на изборниот ден, а второ, зашто таквите оценки треба да ги дадат надлежните органи, учесниците во изборниот процес, набљудувачите, а не некој новинар туку-така да „накалеми“ силна констатација, притоа не повикувајќи се на ништо. Тоа јасно ни кажува дека спорниот дел од текстот, односно насловот, нема извори на информации, додека преостанатото, кое, всушност е пресликана агенциска вест, што е јасно нотирано, е апсолутно коректно зашто се споменуваат и извори и факти и ни нуди добра содржајност од аспект на: затворање на избирачки места, на колку места се гласало, кои биле кандидатите за претседател, каков бил одзивот, каква е натамошната правна процедура итн…

 

НАКАЛЕМЕНА КОНСТАТАЦИЈА ЗА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

Употребената „натурена“ насловна конструкција, не одговара на содржината на текстот, а со тоа може и да влијае на вкупниот впечаток кај публиката за изборниот ден. Како само 5 минути по затворањето на избирачките места се тврди дека „изборите се фер и демократски“ пред тоа да го кажат и надлежните и засегнатите. А, како што веќе се виде, дел од учесниците апсолутно не ја делат оценката дека сѐ поминало во најдобар ред. Значи, насловот е тоа што не е во ред и не ја исполнува основната задача: да информира.

„Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата на текстот“ – Новинарски жанрови.

Нејасно е дали „дополнувањето“ во насловот било намерно или, пак, случајно истрчување, бидејќи таквата формулација може да упатува на одредено ниво на пристрасност на инаку, ќе повториме, коректната агенциска вест која е искористена како основа.

Затоа, ќе кажеме дека ова е пример, кој треба да се искористи во новинарските книги за тоа како, без потреба, или пак објаснување, може добра вест да се „зафркне“ со само три зборови и сврзник вметнати во насловот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

највероајтно да

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија со свој „додаток“

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести