verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч

on 20 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Заев-почна-да-се-крие-од-истрагата-за-П_-http___www.press24.mk_zaev-pochna-da-crop-resize

 

Веста насловена: „Заев почна да се крие од истрагата за Пуч“ е лажна.  Манирот во кој е напишан и пласиран овој материјал остава впечаток дека не станува збор за некаков ненамерен превид или грешка, туку намерно е објавена дезинформација за да се оцрни лидерот на опозицијата

Заев почна да се крие од истрагата за П_ - http___www.press24.mk_zaev-pochna-daЛинк до оригиналниот напис: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч

Датум и време на објавување: 18.02.2015, 15:20

Датум на рецензирање: 19.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ВЕСТ СКАРАНА СО ВИСТИНАТА

Написот врз основа на непотврдени информации од  анонимни, но „сигурни“ извори, прави конструкција дека: „опозицискиот лидер почна да се крие од истражните органи во случајот Пуч“. Поента која се извлекува и во спинерскиот наслов и на читателите им се подметнува како целосна вистина. А, всушност, се работи за целосна измислица.

Имено, во демантот од  социјалдемократите, се вели дека лидерот на СДСМ не бил повикан во Обвинителството за случајот „Пуч“, туку како сведок во врска со кривичната пријава за неовластено прислушување поднесена од СДСМ и поради доставување на дополнителни материјали. Притоа, се појаснува дека поради претходно утврдени обврски на Заев, писмено е побаран друг термин од Обвинителството.

Исто така, во материјалот што го рецензираме се споменува и тоа дека изјава пред Обвинителството дал адвокатот на Заев, но не се кажува што изјавил. Затоа, пак, се забележува дека тој „не одговорил на прашањето, зошто неговиот клиент  не се појавил пред истражните органи“. Ваквиот манипулативен пристап создава привид како адвокатот да бил во Обвинителството за случајот „Пуч“ .

Меѓутоа, од изјавата на адвокатот што ја пренесоа некои медиуми, се гледа дека тој во име на СДСМ до Обвинителството доставил нови докази за скандалот со прислушувањето.

„Дадено е проширување на поднесената кривична пријава за неовластено прислушкување. Како доказ се доставени сите оние снимки кои се веќе јавно презентирани. Очекуваме јавното обвинителство да го земе предвид и овој доказен материјал и да постапи по закон.“

И несомнено, неговата изјава намерно не е пренесена, бидејќи таа не се вклопува во сценариото на оваа медиумска содржина ставена во функција на политичка пресметка. Фактички, сите елементи укажуваат дека оваа куса вест од само неколку реда е скарана со вистината. Во неа се прекршени повеќе амандмани од новинарскиот Кодекс, вклучително и главниот принцип на преамбулата:

„основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината.“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести