verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев објави материјали за прислушувани разговори што ги поседува

on 12 - 02 - 2015       

Заев објави материјали Македонската Радио Телевизија-crop-resize

 

Прилогот што го резенцираме само површно ја информира јавноста за прес-конференцијата (9 февруари 2015 година) на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која тој обелодени скандал со масовно прислушување на повеќе од 20.000 граѓани, за кој директно ги обвини премиерот Никола Груевски и директороот на УБК, Сашо Мијалков. Па, наместо да ги објави главните поенти од прес-конференцијата на опозицијата, овој материјал на гледачите им пренесува една штура, осактена информација која има цел да ја минимизира оваа мегаафера во која, според опозицијата, незаконски се прислушувани огромен број лица – политичари од власта и од опозицијата, бизнисмени, новинари,  првите луѓе на МПЦ, ИВЗ, МАНУ, како и други јавно експонирани личности.

Заев објави материјали Македонската Радио ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Заев објави материјали за прислушувани разговори што ги поседува

Датум и време на објавување: 09:02.2015, 19:20

Датум на рецензирање: 11.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НИТУ ЗБОР ЗА ПРЕМИЕРОТ И ЗА БРАТУЧЕДОТ

Прилогот е премногу воопштен и остава впечаток дека се водело сметка воопшто да не се споменат имињата на „главните актери“ во аферата. Иако, Заев експлицитно посочува кои личности ги смета за одговрни за оваа „операција“.

„Материјалите што ги поседуваме докажуваат дека станува збор за масовно и незаконско прислушување од страна на луѓе вработени во безбедносните служби на Република Македонија по директна наредба на Сашо Мијалков и Никола Груевски.“

Но, очигледно дека во написот намерно се избегнува да се наведе кого конкретно обвинува опозицијата.

Интересно, на пример, е тоа што авторот употребува формулација дека Заев „поднел кривична пријава против одговорни во МВР“. Наспроти фактот што тој на прес-конференцијата јасно кажува:

„Поднесовме кривични пријави против директорот на УБК, Сашо Мијалков, против Горан Груевски, раководител на Петта управа, и н.н вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање  (1.15 – 1,30 минута од видеоснимката)

Тоа е целосно непрофесионално. Меѓутоа, ова не е единствената информација која е премолчена во прилогот. Во него воопшто не се споменува кои се тие „11 прислушувани телефонски разговори“, кои Заев ги објави.

 

ЦЕНЗУРА

Од овој материјал не може да се разбере дека Заев бил следен четири години (а не две како што се вели во текстот). И дека биле прислушувани и Али Ахмети, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, вицепремиерот Зоран Ставрески, Мартин Протоѓер, Драган Павловиќ-Латас, како и Мендух Тачи, Руфи Османи и Љубчо Георгиевски.

Во прилогот не се прикажани аудиоснимките од телефонските разговори кои опозицијата ги објави на прес-конференцијата  (Јанкуловска – Ставрески,  Ахмети, Тачи, Османи и Георгиевски).

Ваквиот селективен пристап се коси со основното начело во преамбулата на новинарскиот Кодекс, каде е наведено дека првенствена задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со членот 16 од Уставот. Како и тоа дека право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. За жал, токму тоа го прави националната телевизиска куќа, со начинот на кој го пласира скандалот за прислушувањето.

Дополнително, оваа информација е објавена во пакет со реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ (со идентичен простор, како и прес-конференцијата на СДСМ), во која Заев се обвинува  дека „прифатил да биде инструмент и марионета на странски служби за туѓи интереси кои не и сакаат добро на земјата“.  Што, исто така, е направено за да се амортизира ударот од проектот наречен „Вистината за Македонија“ – „бомбата“ што во понеделникот (9 февруари 2015 година) конечно ја активира Заев.

А, само за споредба, какви размери има овој скандал, да потсетиме дека во аферата „Големото уво“, што изби  во јануари 2001 година, тогашниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски (исто така на прес-конференција), обелодени дека беа прислушувани телефонски разговори на околу стотина македонски политичари, дипломати и новинари. Овојпат, како што беше соопштено, скандалот има значително поголеми димензии.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести