verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Три години по смртта на храбриот Мухамед државата заборави на семејството

on 13 - 01 - 2014       

muhamed-00099988877-0987650000-crop-resize

Во членот 1 од Кодексот на новинарите се вели:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи“

Во примерот што го анализираме, главната забелешка е непроверувањето на фактите, што во случајот е лесно изводливо и не би требало да претставува никаков напор ниту проблем за новинарот, туку негова основна задача.

Користењето на извори и проверката на она што се изнесува се правила кои важат вообичаено и без исклучок во новинарството, но во ситуација како оваа, каде има починат и каде се известува за случај што привлекол огромно внимание на јавноста, тие методи стануваат уште посуштествени.

muhamedЛинк до оригиналниот напис: Три години по смртта на храбриот Мухамед државата заборави на семејството

Датум и време на објавување: 05.01.2014, 19:47

Датум на рецензирање: 10.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост:

„Денеска се навршуваат три години од смртта на Мухамед Јашари…“

Ова е проблематичниот почеток што го девалвира текстот и факт кој не е точен, судејќи од датумот на објавување на сторијата. Ако се изврши проверка, ќе се дојде до заклучок дека Јашари е убиен на 08.04.2011 година, што не соодветствува со датумот на објавување на текстот што е предмет на нашата рецензија.

Исто така, во него се тргнува од претпоставката дека мора да се навршува определен број години за некој да го посети семејството. Најверојатно тоа е причината за неточниот лид.

Извори на информации: Со оглед на тоа што текстот е проследен со видео-материјал, најверојатно во него има изјави од лица. Меѓутоа, поради тоа што текстот и видеото се избришани и располагаме само со скриншот, имаме можност да извршиме анализа само на текстуалната верзија за веб.

Во текстот нема посочено извори и новинарот самиот раскажува хронолошки во неколку реченици како се движел следот на настаните по смртта на Јашари, односно наведува факти.

Содржајност:  Содржани се важни информации во поглед на хронолошкиот след на настаните и од тој аспект читателот би бил во позиција да се информира суштински за случајот. Но, недостасуваат аргументите дека никој не му помогнал на семејството. Можеби тоа е поткрепено со изјава, но поради тоа што располагаме само со фотографија од текстот што беше објавен, не сме во можност да ја извршиме таа проверка.

Аголот и лидот на приказната не започнуваат според принципот на „превртена пирамида“ како што тоа вообичаено се прави, односно не започнуваат со најновата информација. Напротив, таа е објаснета во последниот параграф.

Квалитет на насловот: Вистинитоста на насловот е ставена под знак прашалник, поради тоа што не е точен податокот дека се навршуваат три години од смртта на Јашари. Освен тоа, авторот не навлегува подлабински во експликација на тврдењето дека државата заборавила на Јашари без обид да наведе аргументи за да го поткрепи тоа. Освен тоа, станува збор за шаблонски и често употребуван наслов.

Од насловот не е веднаш јасно за кое лице се известува во текстот поради тоа што се користи само името Мухамед, а не и презимето.

Фотографија: Авторот во склоп на текстот објавува фотографија со црн флор од починатиот Јашари. Оваа фотографија е во ред и е неутрална и информативна.

Заклучок: Новинарот повеќе проверува отколку што верува. Грешките направени од невнимание се разликуваат од оние направени од непроверување, поради тоа што проверката е императив за професионализам.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни делумно неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

веста дава погрешни информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести