verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тежнеат да ја кројат нашата судбина, ама од кафеана

on 2 - 12 - 2013       

Тежнеат-да-ја-кројат-нашата-судбина-ама-од-кафеана-Net-Press-www_netpress_com_mk_mk_vest_asp_id144174-crop-resize

Тежнеат да ја кројат судбината, ама од кафеана“ е исклучително пристрасен текст со тенденциозен наслов. Уште од самиот старт е видлива  идејата е да се оцрни опозицијата.

„Денес опозицијата не се појави во Парламентот. На закажаната седница на дневен ред беа пратеничките прашања, ама некому очигледно поважни му беа гастрономските. Пратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз реши пред  да влезе во салата да се загрее во италијанскиот ресторан „Кај Џино“.“

Овој материјал има сериозни проблеми со релевантноста. Имено, тој се повикува на друг сајт и е целосно преземен вклучувајќи го и насловот. Текстот се потпира на еднострани анонимни извори, без притоа да се направи најмал обид за да се надгради содржината – да се побара став од опозицијата. Впечаток е дека втората страна на приказната воопшто и не била планирана.

FireShot Screen Capture #118 - 'Тежнеат да ја кројат нашата судбина, ама од кафеана - Net Press' - www_netpress_com_mk_mk_vest_asp_id=144174&kategorija=3Линк до оригиналниот напис: Тежнеат да ја кројат нашата судбина, ама од кафеана

Датум и време на објавување: 28.11.2013, 19:46:59

Датум на рецензирање: 1.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: На јавноста ѝ се наметнува перцепција дека пратеничка група на СДСМ ги запоставила работните обврски и уживала во една прилично опуштена атмосфера во италијанскиот ресторан во Центарот на Скопје.

„Надвор студено, а внатре пријатно, па како што е редот зошто да не се стартува „со по една„. Колку за да се опуштат гласните жици за да може да се биде погласен во пратеничките прашањата. Арно ама, на  опозоционата група од десетина пратеници изгледа им „легнаа„ мезето и пијалокот, па како што велат некои од присутните очевидци,  „една по една  до  сто и една„  голтка… и седницата може да почека. А ако се погоди и мезето, седницата може и да се одложи.  Кој сега ќе станува да оди на седница?“

Но, таквите наводи  во текстот не се поткрепени со ниту еден факт.

Директниот пренос на седницата прикажан на Собранискиот канал, како и прилогот насловен како „Собраниска итроштина“, прикажан на друг медиум даваат поинаква слика за крајот на заседанието и ги демантираат тврдењата во написот дека опозицијата не се појавила во парламентот.

Во овој материјал фали и реакцијата од СДСМ, која влијае на вистинитоста на текстот:

„Прво, премиерот Никола Груевски во првиот дел од денешната седница доцнеше 55 минути, а во вториот дел од седницата 40 минути, или вкупно 95 минути. Реакција за ова доцнење на премиерот од страна на Трајко Вељановски немаше. Второ, пријавените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Влатко Ѓорчев, како и пратеникот Амди Бајрам, мистериозно исчезнаа од седницата. Трето, врв на тоа сценарио беше одлуката на Трајко Вељаноски, за десет секунди да ги прочита пратениците кои требаше да поставуваат пратенички прашања, и набрзина да ја затвори седницата, без да ги причека пратениците да влезат во салата“,

а која  што ја пренесоа некои од медиумите, меѓу кои споменатата телевизија со национална концесија и  еден портал.

 Извори на информации: Веста нема прецизни извори на информации, ниту, пак, посочува соговорници. Целиот напис се базира, на раскажувањето на „сведоци на настанот“, при што се користи формулацијата:  

„како што велат некои од присутните очевидци“

Содржајност: Се работи за куса преземена вест од друг портал, која ја има само едната страна на „паричката“ и прикрива информации.  Што пак, е во спротивност со амандманот 1 од  Кодексот на новинари:

 „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци.“

Пристрасност: Според интонацијата и начинот на кој е обработена и пласирана веста, вклучително и насловот, може да се препознае  наклонетост кон владејачјата партија.

 Коментирање: Целата приказна е „зачинета“ со коментаторски елементи со кои се нагласува лошото поведение на опозиционерите. Во таа функција се констатациите од типот: „ама некому очигледно поважни му беа гастрономските (прашања)“, „изгледа им „легнаа“ мезето и пијалокот“, како и коментарот на крајот од веста:

„А што да се прави, кога таков им е опозицискиот табиет. Секогаш кога ќе ја опрскаш, набеди го својот потчинет. Така полесно се поднесува сопствениот пропуст

Оригиналност/Плагијат: Текстот е целосно  преземен од друг портал  без да се наведе линкот. Но,  таму е објавен во рубриката „радио Милева“, каде се пласираат полефтерни содржини. Текстот што го рецензираме, пак, порталот го објавил во рубриката Политика, што, сепак, подрабира посериозен пристап при третирањето на темите. Написот истиот ден беше објавен во идентична форма на уште еден сајт.

Квалитет на насловот: Насловот е провокативен, тој ја отсликува главната поента на приказната што им се сервира на читателите.

Фотографија: Како илустрација е искористена фортографија од собраниска седница за пратенички прашања, но на неа се присутни сите опозиционери, така што не одговара со содржината на материјалот што е пласиран.

Говор на омраза: Со нагласувањето дека пратениците од СДСМ се „љубители на кафеанскиот живот и добрата чашка“ се покажува јасна тенденција за дискредитација на опозицијата.

Заклучок: Сајтот на читателот му понудил наменски текст, обидувајќи се да го насочи јавното мислење да верува дека СДСМ е неодговорна партија, а нејзините пратеници се неработливи и не се однесуваат соодветно на нивото на пратеничката функција.  Со насловот и со непотврдените обвинувања се добива еден фабрикуван новинарски производ наменет да го наруши угледот на опозицијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести