verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата

on 26 - 09 - 2014       

26-09876-098-vrop-resize

Штрајкбрехерски текст со силна доза на спин. Написот претставува камче во медиумскиот мозаик чија цел, најверојатно e, да се поткопа најавениот штрајк на СОНК. Пример за неразбирливо инволвирање и зафаќање страна за материја која е уредена со Уставот на Република Македонија. Попрецизно, овој производ се занимава со сѐ, само не со она што би требало да биде негова главна задача – да ја информира јавноста.

2Линк до оригиналниот напис: СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата

Датум и време на објавување: 24.09.2014, 15:49

Датум на рецензирање: 25.09.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СО СВЕЌА ДА СЕ БАРА ВИСТИНИТОСТ

Извртувањето на вистината е на високо ниво. Се искористува, или ако сакате, злоупотребува изјавата на првиот човек на СОНК и ѝ се дава сосема поинакво значење од основното. Неговата порака дека поради штрајкот на образовните кадри в понеделник учениците не треба да доаѓаат во училиштата, некако се „преведува“ дека

„Во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството, СОНК тргна да ги манипулира децата. Претседателот Јаким Неделков свесен дека голем дел од професорите членовина СОНК нема да се појават на протестот кој тој го планира за наредната недела Неделков денеска во изјава за медиумите се обиде да ги изманипулира учеениците“.

Пристапот е крајно тенденциозен, зашто споменатата личност дава соодветно образложение зошто децата на 29 септември не треба да бидат во училиштата, но тоа воопшто не е споменато и затоа за да се дојде до вистината треба да се консултираат други медиуми. Понатаму, се наведува дека СОНК ја загубил поддршката од сите страни, најново и од пожарникарите, земјоделците, поштарите, кои се членови на Конфедерацијата на слободни синдикати, поткрепено и со изјава дека „учениците ќе бидат заложници на интересите на СОНК“, но притоа во текстот никаде не се споменува дека тие како организација немаат каква било допирна точка со образованието. Вистинитоста ја има, но во толку мали траги што ни треба свеќа за да ја најдеме.

Ситуацијата не е многу чиста ниту во делот на извори на информации, поточно нејасно е каде, кога и за кого е дадена главната изјава која на специфичен начин се „сецира“. Плус, таа, ако е, а нејвероајтно е преземена, не е во целост и соодветно пренесена. Затоа, пак, настапите на членовите на Конфедерацијата на слободни синдикати се цитирани од збор до збор. Бидејќи нема доследност во овој материјал, не може да се очекува квалитет на содржината кој зависи од фактите и коректната, а не тенденциозна аргументација. Не постои ниту некаков посебен background на целата приказна во смисла на набрзина усвоените законски измени и тоа во пресрет на највениот штрајк, со кои се предвидува наставниците и професорите во случај да штрајкуваат, да бидат заменети со други привремено вработени наставници за да не се прекинува воспитно-образовниот процес: кои ќе бидат тие замени, дали ќе бидат адекватни и во доволен број, што вели Уставот во делот за правото на штрајк, итн.

 

Устав на Република Македонија
Член 38

„Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.“

(Извор: Собрание на РМ)

 

ПРОДОЛЖЕНА „НОВИНАРСКА“ РАКА СО ШТРАЈКБРЕЈКЕРСКА МОТИВАЦИЈА

Тоа недвосмислено ни сугерира дека имаме работа со пристрасен производ во кој вистинската и очекуваната новинарска ангажираност е заменета со своевиден коментаторски пристап, кој „влече“ на една страна што е јасно и од самиот наслов:

„СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата“

кој ја нема неопходната информативна нишка, туку ни продава сензационализам.

Конечно, врз основа на анализираното, може слободно да се каже дека во овој материјал спинот е застапен за сметка на вистинитоста, изворите се заматени поради намерното несоодветно користење, содржајноста трпи од силната пристрасност, информативноста е жртва на тенденциозноста и сензационализмот. Имаме нечија продолжена „новинарска“ рака со штрајкбрејкерска мотивација која е само рефлексија на извртените процеси во земјава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести