verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ подготвува сценарио за бојкот на изборите?

on 25 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

89-0987-009988-crop-resize

Едноставно, кога во новинарскиот текст нема извори и најголемата вистина и невистина изгледаат исто – тоа е неуверливо. Причината поради која е објавен овој текст, не може да се утврди со сигурност, но она што е факт е дека периодот на објавување коинцидира со предизборието.

Покрај непостоењето на извори и изјави, во текстот е забележливо и постојаното коментирање, што може да придонесе читателот да почувствува политичка пристрасност но и несеопфатно и тенденциозно известување, во смисла на тоа што непрашувањето на засегнатата страна може да значи и нејзино маргинализирање во период на избори.

Иако во членот 13 од Кодексот на новинарите пишува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и коментарот, сепак, тоа не е испочитувано.

89Линк до оригиналниот напис: СДСМ подготвува сценарио за бојкот на изборите?

Датум и време на објавување:  22.03.2014, 12:08

Датум на рецензирање: 22.03.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Како може да се утврди дека некоја информација е вистинита, ако станува збор за предвидување и тоа базирано на анонимни извори, без никој тоа да го потврди и уште повеќе, без никој за тоа да е прашан? Улогата на новинарите е да ги обелоденуваат активностите, па и калкулациите на партиите, меѓутоа тоа мора да биде доведено на многу повисоко ниво отколку нивото на чаршиски муабет.

Во случајот имаме текст кој предвидува идни активности и тоа на исклучиво пристрасен начин, со реченични конструкции кои се навивачки. На пример:

СДСМ во очај, подготвува сценарио за евентуален бојкот на вториот круг на претседателските и предвремените парламентарни избори

 

Наводно, веќе подолг период на “Бихачка“ се спроведува стратегијата на ширење на оптимизам дека победата е сигурна и дека рејтингот на СДСМ наводно уште сега пред почетокот на кампањата го надминал рејтингот на ВМРО ДПМНЕ.

Наспроти сугестијата од Кодексот на новинари, не се обезбедени точни и проверени информации, а не е консултирана ниту засегнатата страна за коментар на шпекулациите и предвидувањата што немаат извор. Сево ова покажува и една навивачка положба, поради тоа што изборите не се ни почнати. Постојано се нафрлаат калкулации „што би било кога СДСМ би изгубил“ што е доста индикативно од аспект на известувањето за време на избори.

Главната изнесена теза дека СДСМ ќе ги бојкотира изборите нема извор:

Дека во СДСМ не е вистински поразена идејата за бојкот на избори, покажуваат последните информации од опозициската партија, каде лидерот Зоран Заев многу сериозно во потесен круг ја држи отворена можноста за евентуален бојкот на вториот круг на претседателски заедно со предвремените парламентарни избори.

Во делови од текстот евидентна е несигурноста во оваа теза, но јасно е дека од тонот на текстот, опозицијата треба да излезе расипувач на изборите и да се претстави како плачлива.

Сѐ уште се прави проценка колку партијата би била во кондиција да излезе на улица и преку протести да предизвика политичка криза.

Се нафрлаат генерални и непрецизни тврдења, но не се навлегува во нивно поопсежно образложување за на читателот да му стане јасно кои се евентуалните скандали што ги отворила ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата се кријат податоците за рејтинзите на Заев и Шекеринска, кои се сериозно расклинкани од серијата скандали кои ги отвори ВМРО ДПМНЕ и не се во состојба да донесат нови-дополнителни гласови на контото на опозицијата.

Во неколку делови од текстот се губи секаква кочница за балансираност и професионална дистанца. Напротив, отворено се навива за еден од кандидатите. На пример, од каде се знае дека „Иванов ќе му направи разлика на Пендаровски во првиот круг“?

Целата стратегија е замислена во првиот круг разликата што Ѓорге Иванов ќе му ја направи на Стево Пендаровски да биде претставена во јавноста како досега невидена кражба на гласови и изборен фалсификат кој ќе треба да кулминира со повлекување на претседателскиот кандидат од вториот круг на изборите и повик за бојкот на предвремените парламентарни избори на 27 април.

Ова не е единствениот наврат во кој се остава впечаток дека во текстот се зазема страна. На пример, се тврди дека има „наводни прекршувања на Изборниот законик“, иако ДИК за тоа се нема произнесено.

Паралелно со ова, членот на Извршниот Одбор, Рената Тренеска Десковска, како директен преговарач за изборните правила,  е задолжена и формално правно и преку  периодични прес конференции да нотира и приговара до ДИК за наводни прекршувања на Изборниот закон од страна на власта.

Прашалникот во насловот само ја покажува несигурноста во тврдењето за бојкотот. Таа несигурност понатаму во текстот и се оправдува.

Низата недоречености, шпекулации и тврдења без никаква поткрепа создаваат впечаток за еден прилично неверодостоен и тенденциозен текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

не може да се утврди

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести