verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Руската црква во посета на Македонија

on 23 - 12 - 2014       

Руската црква во посета на Македонија Нова Македонија-crop-resize

 

Нема многу да се задржиме на рецензијата на оваа медиумска содржина со оглед на фактот дека е веќе видена постапката на трансформирање на лошата вест во добра, која, според утврдените техники на спинот, е позната како „перење“ („Копилето наречено „Спин“).

Во техниките на пропагандата, пак, овој начин на дефокусирање на главната поента на информацијата се нарекува „фрејмување“, врамување, односно ставање на содржината во посакувана рамка. Рамка која треба да ја скрие содржината или да ја релативизира.

Оттаму, медиумската содржина што ја рецензираме е целосна манипулација. Манипулацијата оди дотаму што се вели дека информации за оваа посета има на веб-страницата на московската патријаршија, но нема линк.

Зашто, да има линк, ќе се потврди нашата констатација и квалификација за овој новинарски текст.

Руската црква во посета на Македонија Нова МакедонијаЛинк до оригиналниот напис: Руската црква во посета на Македонија

Датум и време на објавување: 21.12.2014, 16:30

Датум на рецензирање: 22.12.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дефокусирањето и „фрејмувањето“, односно врамувањето, почнува уште од насловот, кој сака посетата на првиот дипломат на Руската православна црква да ја прикаже како стандардна, па дури и официјална посета, што воопшто не е точно.

Ако некој претендира да ги следи црковните прашања, треба само да собере два и два за да разбере дека митрополитот Иларион (Алфеев), кој е своевиден министер за надворешни работи на Руската православна црква, не доаѓа случајно, не доаѓа во протоколарна посета и воопшто не доаѓа во посета на Македонија. Тој доаѓа по средбата на претставницте на ПОА со рускиот патријарх во Белград и по писмото на Архиепископот на ПОА од скопскиот затвор, како прв политички затвореник, според Хелсинсшкиот комитет за човекови права.

Оттаму, сосема погрешно е второто врамување во поднасловот на текстот кој вели:

„Признавање на автокефалниот статус на Македонската православна црква-ОА во православниот свет била главна тема на средбата меѓу руската црковна делегација и претставниците од нашата црква, која се одржала вчера во Скопје.“

Доколку бил поставен линк до текстот од кој се црпи оваа информација, прво што ќе се види е дека не се споменува никаква тема на разговор од средбата на рускиот владика со претседателот Иванов, со премиерот Груевски, и, како второ, има една сосема поинаква формулација од онаа што се врамува, од средбата со г. Стефан од МПЦ-ОА („Состоялись встречи председателя ОВЦС Московского Патриархата с Президентом и Премьер-министром Республики Македония“)

Таа формулација гласи:

„Темой бесед стало урегулирование канонического статуса этой церковной структуры, находящейся вне общения с мировым Православием.“ (рус.)

„Тема на разговорот беше регулирање на канонскиот статус на оваа црковна структура која се наоѓа надвор од заедницата на Православниот свет.“ (превод)

Никаде МПЦ-ОА не е апострофирана како автокефална. Има разлика кога деталите се во прашање.

Уште еден битен момент оддава намера за врамување. Редоследот на средбите најавени во објавената информација во медиумот. Полуреченицата дека рускиот црковен дипломат се сретнал и со архиепископот на ПОА, освен што содржи политички некоректни и застарени именувања за г. Јован (Вранишковски), сака да наметне небитност на оваа средба.

Токму линковите на кои се повикува информацијата, зборуваат нешто друго. За средбата на митрополитот Иларион (Алфеев) со архиепископот Јован има одделна информација, објавена како прва за разлика од онаа за средбите со Иванов, Груевски и со Стефан („Митрополит Волоколамский Иларион встретился с архиепископом Иоанном (Вранишковским)“), што зборува дека оваа средба е со поголем приоритет од другите.

Оваа рецензија сакаме да ја завршиме со нешто што, барем досега, пропуштија да го нагласат новинарите хроничари и познавачи на црковните прашања: оваа средба има пресудно значење за иднината на МПЦ во поглед на нејзиниот статус во православниот свет и медиумите треба конструктивно да ја прифатат.

Досегашната практика покажала дека митрополитот Илраион, чија извршна титула е претседател на одделот за надворешни црковни врски на Московскиот патријархат, не троши време на протоколарни посети. Неговата задача е да носи сериозни пораки за тешки одлуки. Не е тешко да се претпостави каква порака донел од Москва. Тоа го потврди и одлуката на МПЦ еден ден по објавувањето на медиумската содржина што ја рецензираме.

Рековме дека нема многу да се задржиме на оваа рецензија, ама…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести