Рецензија: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !
Објавено во Рецензии
on 14 - 10 - 2014 Автор: Александар ПисаревПосетата на еден светски лидер на регионот, да се посматра само низ опис на неговиот авион во најмала рака е несериозно. Истата информација ја пренесле и сите други провладини медиуми. Тоа е меѓутоа прашање на уредувачката политика, а ние ќе се задржиме на методологијата, според која оваа информација заслужува рецензија. Во стилот на турските серии, информацијата дава детален опис на авионот на рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека „Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион.
Сите други информации поврзани со оваа посета за медиумот се периферни, дури и датумот на пристигнување на рускиот претседател во Белград.
Линк до оригиналниот напис: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !
Датум и време на објавување: 13.10.2014 11:03
Датум на рецензирање: 14.10.2014
Рецензент: Александар Писарев
ДАЛИ Е ТОА ВИСТИНА ?
Како да се верува на информацијата која не се повикува на извор, а целата содржина е сензационалистичка со опис на претседателскиот авион како од турските серии:
„Во внатрешноста на авионот „Иљушин“ има три бара, соба за одмор, работна соба, бања со туш кабина и позлатени славини. Ѕидовите се прекриени со свила, а седиштата со скапоцена кожа“ .
Дали е ова најважно во посетата на Путин и може ли да се верува во вака детален опис на еден претседателски авион, ако авторот не каже од каде знае каква е неговата внатрешност.
ЕДЕН ОД ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ВЕСТ Е „КОГА ? И ЗОШТО?“
Поважно било изгледа да се каже кога пристигнува неговиот автомобил, отколку кога и зошто во регионот пристигнува рускиот претседател Владимир Путин .
„Со посебен авион во четвток во Белград ќе пристигне и автомобилот на Путин мерцедес 5600 пулман гард“. Него ќе го придружуваат 30 автомобили и 10 мотори“.
Понатаму следат други детали поврзани со протоколот околу посетата за која ни до крајот на информацијата не може да се дознае кога ќе се случи.
„Со други два авиона ќе пристигне неговата придружба составена од околу 150 лица“.
Не се испочитувани членовите 1. и 4. од Кодексот на новинарите на Македонија.
Член 1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци.
Член 4.
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови