verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Паника во СДСМ: Кој стои зад „Македонските Анонимуси“

on 20 - 02 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-080-Паника-во-СДСМ-Кој-стои-зад-Македонските-Анонимуси-crop-resize-002

 

Овде има сè, од замена на тези и префрлување на паника и на загриженост на спротивната страна за да се сокрие сопствената, сеење ветер и магла да се сврти внимание од сериозноста на ситуацијата и да се амнестира актуелниот политички естаблишмент од одговорност за сè што може да произлезе од „бомбата“ и таа да се префрли на странците, до повик на мобилизација и притисок на судската власт преку сугестија што да се направи со Заев. Сè до непромислено објавување на фотографија на автомобил (со лични податоци) со дипломатски таблици пред седиштето на СДСМ што може да се протолкува како покажување со прст која странска држава е вмешана во аферата „Пуч“.

FireShot Screen Capture #080 - 'Паника во СДСМ_ Кој стои зад „Македонските Анонимуси“Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Кој стои зад „Македонските Анонимуси“

Датум и време на објавување:
17.02.2015, 17:32

Датум на рецензирање: 18.02.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ВИСТИНАТА МОРА ДА СЕ ПОТВРДИ СО ФАКТИТЕ

Откако со нејасна и збунувачка содржина, повикувајќи се на „експерти“, се разработени неколку сценарија за тоа кој стои зад македонските анонимуси, истите „експерти“ најлогично заклучиле дека во заднината на целата рашомонијада стојат странските служби кои сакаат уште потензична атмосфера во државата.

Со тоа, актуелната власт се амнестира од секаква одговорност, не само за моменталната ситуација во која се најде државата, туку и за она што во наредните денови може да се случи.

„Третото и за експертите најлогично сценарио е зад овој псевдоним да се потпишуваат странски служби кои на овој начин сакаат да направат уште потензична ситуација. Тие веќе во соработка со опозицискиот лидер на Македонија креираа конфликтност кај народот и влеаја страв со закани на Заев, но највероватно е можно да продолжат со ваквото нивно делување.“

Не се прави разлика помеѓу мислењата и фактите, па упорно како единствена „вистина“ се пласира тезата за вмешаност на странците во целата афера. Ако е тоа вистината, таа вистина мора да се потврди со факти. На пример, со наводи, дека Македонија упатила демарш до одредена странска амабасада или МНР на државата за која смета дека е вмешана во овој скандал, или, во намјала рака, да се повика на протерување на нивен амбасадор.

Вака, сè останува во рамките на невешта импровизација, повикување на шпекулативни извори и на голем чекор на отстапување од новинарските стандарди, вистината и од фактите.

 

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА ОСВЕН ВЛАСТА

За доказите што Заев ги објави во врска со прислушувањето на 20.000 граѓани, јавноста мора да се убеди дека не се точни и дека на нив не треба да се обрнува внимание, но далеку е „поважно“ Заев лично да се дискредитира и да се обвини за уцена на сопствените сопартијци, и цела галерија на личности, при што сам измислува анонимуси кои тоа треба да го напрaват преку објавување компромитирачки матерјали.

Заев се прикажува како „монструм“ кој им врти грб и на сопствените медиуми и на медиумите финасирани од Сорос, па тие остануваат недоволно информирани од СДСМ и поради тоа и тие се во паника нервоза и објавуваат шпекулации.

Со тоа јавноста треба да се убеди дека „црното не е црно и дека белото не е бело“ и дека тоа што со сопствени очи го гледа или го чита, а со сопствени уши го слуша дека се случува во државата, не е тоа.

Намерата е јасна – доказите кои Заев ги презентирал до јавноста за вмешаност на државата во прислушувањето да се претстaват како лажни и како резултат на странски заговор против Македонија и поради тоа не треба сериозно да се прифатат.

За Заев лично и до крај се дискредитира, му се лепат етикети на „пиштолџија од Дивиот Запад, сериски убиец кому сите ние сме му потенцијални жтртви“. На крај, со пренесена изјава од друг медиум, уште еднаш се потврдува вмешаност на странците и им се дели совет на државата и на судот што треба да направат. И каде да го сместат Заев.

„Не постои граѓанин во државата на кого веќе не му е јасно дека главната цел на Заев и неговите странски соработници е да внесат страв и паника.
Мислам дека е крајно време джавата да превземе мерки и постапки согласно со законот и уставот и овој десперадос го смести во установа која е предвидена за таквите како него.“

 

КУЛМИНАЦИЈА НА НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ

Кулминација на непрофесионалниот пристап и на непромисленоста (или, можеби, на намерата) е фотографијата чиј автор не е наведен, а на неа се гледа автомобилот со јасни броеви на дипломатски регистарски таблички пред седиштето на СДСМ. Тоа лесно може да асоцира на точно одредена странска држава замешана во цела афера, лесно може да се открие и идентитетот на „странска држава која е вмешана во прислушувањето“, што може да има сериозни и многу лоши последици по нашата меѓународна позиција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести