verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Немирите во Украина се почеток на Трета светска војна – што предвидел Нострадамус?

on 4 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Немирите Трета светска војна што предвидел Нострадамус Press24-crop-resize

Овој текст кој уште од првата реченица шири страв и се занимава со, во најмала рака, обично озборување.

Кризата на Крим може да прерасне во општ конфликт, за кој со години предупредувал Нострадамус.

Почнува ударно, со констатација како нешто веќе да се случило или, пак, како сигурно да ќе се случи. Притоа, како муабет во кафеана, текстот се занимава со „рекла-кажала“ информации и тези непоткрепени со ништо. Дури нема ниту цитати од пишаните моменти на Нострадамус, а обработува и некои наводно пророци кои се малку или воопшто не се познати во јавноста. И додека текстот изобилува со „што би било кога би било“ вистината е сосема поразлична од онаа која авторот сака да ја прикаже. Сето ова и би можело да помине, ако текстот беше ставен во рубрика „Верувале или не“ или барем во „Забава“. Но, тој е пласиран во рубриката „Свет“.

Немирите Трета светска војна што предвидел Нострадамус Press24Линк до оригиналниот напис: Немирите во Украина се почеток на Трета светска војна – што предвидел Нострадамус?

Датум и време на објавување: 03.03. 2014, 12:50

Датум на рецензирање: 03.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

Вистинитост: Вакви информации за Трети светски војни и предвидувања, пред сѐ, на Нострадамус, постојано има во медиумите. Тоа не значи дека се вистинити и поткрепени со докази. Дури и луѓето кои се занимаваат со пишаните докуметни на Нострадамус не се сигурни што, всушност, „пророкот“ сакал да каже. Споменатити се и „други експерти“ напишани со иницијали, кои треба да значат пророци. Нема каде и кога ја предвиделе Третата светска војна. Нема цитати, ниту кога и каде предвиделе дека војната ќе почне токму од Украина.

Извори на информации: Единствен допир со „извор“ е заклучокот дека тоа го тврди Т. Чејс, Крем Митар и Милош Тарабиќ и Нострадамус.

Содржајност: Текстот е направен само поради контекстот на последните случувања помеѓу Русија и Украина. Нема никаква друга цел освен да заплаши. Информациите се само нафрлени, нецелосни, кратени по видување на авторот, без притоа да се внимава на целовитоста на информацијата. Наводите се збунувачки, па измешани се од природни катастрофи како цунами, поплави, до Путин и метеори, како и кралеви и цареви. Сѐ на сѐ, кармакаша од текст.

 Коментирање: Ако за еден вид коментирање се земе и селското озборување, целиот текст е коментаторски во оваа смисла.

Оригиналност/Плагијат: Вакви текстови како печурки по дожд се појавија речиси во исто време. Затоа и не може да се процени кој прв почнал.

Квалитет на насловот: На скала од 1 до 10 за сензационалност, насловот добива 10. Тој е прецизен во контекстот за кој што е наменет. Дури во ваков вид на текстови не е потребен пишан дел, доволно е само насловот за да се „предвиди“ што се авторот сакал да каже.

Фотографија: Има, Нострадамус ставен во контекст со 11 септември и кулите близначки во Њујорк, што сака да наметне став дека сѐ што ќе се прочита во текстот најверојатно и ќе се случи.

Заклучок: Текст кој обично служи за пополнување време ставен во актуелни настани. Текст со ниту еден доказ за точност, искористен во актуелната политичка состојба во светот која е многу сериозна. Поради сериозноста на ситуацијата во Русија и Украина текстот предизвикува низа шпекулации, прашања и дебати на социјалните мрежи. Нешто што треба да е муабет со кафе е ставено во актуелен настан кој го окупира вниманието на читателите цел ден. Вакви текстови, особено во вакви политички непогоди, треба помалку или воопшто да ги нема.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не е апликативно

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

озборувачки елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

застрашувачки

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести