verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кузеска не ја прифаќала про-сдсмовската политика на 24 вести па била под притисок?

on 3 - 03 - 2014       

Press24 Fun Press24-kuzeska-final-crop-resize

Во членот 16 од Кодексот на новинарите пишува:

„Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“.

Членот 13, пак, утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Како основен професионален стандард е проверката на информациите и нивната точност. Во продолжение рецензираме текст во кој непотпишаниот автор не ја контактирал засегнатата страна за која пишува, во случајот, новинарката Богданка Кузеска. Не обидувајќи се да допре до сржта на ситуацијата, медиумот го злоупотребува тоа што Кузеска си дала оставка за ја стави во дневно-политички цели – и тоа и неа и телевизијата „24Вести“.

10Линк до оригиналниот напис:  Кузеска не ја прифаќала про-сдсмовската политика на 24 вести па била под притисок?

Датум и време на објавување: 28.02.2014, 13:07

Датум на рецензирање: 01.03.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Само еден ден пред објавувањето на текстот што го рецензираме, Кузеска дава изјава за Нова ТВ во која вели:

„Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со според мене неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник. Потоа не успеавме да најдеме заедничко разбирање, по што следуваше дефинитивната одлука. Несогласувањата беа околу мојата невклученост во клучни одлуки, како на пример отказ на уредник или промена на уредник во репортер, без воопшто да бидам консултирана, што подразбираше целосно маргинализирање на мојата функција. Можеби и моето боледување од еден месец поради операција придонесе за таков епилог, но тоа најдобро го знае менаџментот“

Во ова образложение нема ниту еден збор за тоа дека уредувачката политика на „24Вести“ е „просдсмовска“. Медиумот, чиј текст го рецензираме, ја етикетира телевизијата „24Вести“ како „просдсмовска“, што, се чини, е и основниот контекст во кој само попатно авторот ја „вклопува“ Кузеска.

Од аспект на колегијалност и професионалност, телевизијата „24Вести“ е етаблирана како медиум во кој принципиелно може да се слушнат различни мислења. На претходните избори, оваа телевизија, заедно со „Телма“ беа единствените што не понудија дампинг цени на рекламниот простор во ситуација кога некои телевизии продаваа една маркетиншка секунда за нешто повеќе од едно евро.

Извори на информации: Ако ги има, изворите се анонимни и неофицијални. Спорно е што „Прес24“ воопшто не ја консултира и не ја контактира Кузеска за став, а пишува за неа.

Содржајност: Текстот содржи една шпекулација атрибуирана на анонимни и неофицијални извори, препишана изјава од друг медиум и неконтактирање за потврда или демант на шпекулацијата е отприлика рецептот за содржајноста на овој текст.

Во членот 1 од Кодексот на новинари се вели дека доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави, што во текстот што го рецензираме не е сторено.

Пристрасност: Текстот може да се толкува на различни начини, но остава впечаток на политички пристрасен, етикетирајќи ја телевизијата како „просдсмовска“, а новинарката ја става во непријатна ситуација. Дури и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, успева да се мушне во приказната:

Програмски директор во „24 Вести“ е некогашниот портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, кој веќе преговарал со новинар од друга телевизија да дојде и да биде главен уредник.

Оригиналност/Плагијат: Текстови со слична или многу малку адаптирана содржина се појавија и на други портали, но не може да се утврди кој е изворниот автор.

Квалитет на насловот: Насловот во прашална форма, пласира тврдење дека уредувачката политика на „24Вести“ е „просдсмовска“. Тоа се става во контекст на оставката на Кузеска. Овој наслов не е оправдан во текстот.

Заклучок: Професионално е да се праша оној за кој се пишува новинарски текст. Дури и во предизборен период.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести