verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И за средношколките е подобро на сиромашниот југ

on 26 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Англиски

Секое петто девојче во Шведска било сексуално вознемирувано-002-crop-resize

Ова е втор текст со многу сличен наднаслов и повод од ист медиум во период од месец дена. Се работи за обработка на податоци од северот на Европа за силувањето на понежниот пол, односно за сексуалното вознемирување на малолетничките. За вистинитоста на изнесената содржина за Шведска принципелно немаме сомнение, иако фали барем уште некој извор (со оглед дека не се работи за класично интервју со давателот на сознанија). Но, крајно е сомнителен начинот на кој тие сознанија се поврзуваат со состојбите во Македонија. Цел – да се добие впечаток дека кај нас е побезбедно и да се упати порака, која колку и да е невтемелена: немојте да заминувате накај Шведска, особено не со понежниот пол во ваша придружба.
Заради нападите меѓу припадници на ист пол добро е да внимавате на сите во вашето семејство ако сте тргнале кон Малме или Стокхолм.

Секое петто девојче во Шведска било сексуално вознемирувано-002Линк до оригиналниот напис: И за средношколките е подобро на сиромашниот југ
Англиски: Dnevnik: The poor south is better for girls in high school
Датум и време на објавување: 20.08.2014, 18:44

Датум на рецензирање: 22.08.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Секое петто девојче во шведските средни училишта било на некој начин сексуално малтретирано, покажува последниот извештај на шведската невладина организација ’Френдс’, објавен пред извесно време. Според резултатите од истражувањето, кое било спроведено низ целата земја, дури 11 отсто од учениците во основните и 15 отсто од учениците во средните училишта биле предмет на сексуално малтретирање, а разликата е што во средните училишта двапати повеќе девојчиња отколку момчиња рекле дека биле предмет на такво малтретирање. Па, како што објави „Френдс“, додека секое петто девојче било сексуално малтретирано, кај момчињата такво нешто потврдило секое десетто“.

 

ИМПРЕСИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ

Авторката вели дека овие податоци ги предочил за медиумот генералниот секретар на „Френдс“, Ларс Архениус, кој додава дека неговата земја во однос на оваа тема има сериозни проблеми. И во тоа, нели, не треба да се сомнева, заради сериозноста на шведските институции, ама крајно е проблатична споредбата. Имено, нема „штоф“ за состојбите со сексуалното вознемирување во Македонија?!

Во земјава, што го признава и самата авторка, „нема истражување како тоа во Шведска“, но, сепак, се оди на споредување врз основа на слободно толкување на состојбите со двајца директори на средни училишта – Средното музичко и Гимназијата „Јосип Броз Тито“ (ЈБТ) за „да се обидеме на друг начин да добиеме каква-таква слика дали постои или не овој проблем“(!).

Двата соговорници велат дека не им познато таков проблем да има во нивните средини, што е речиси очекувано како одговор – директорката на ЈБТ со тоа што вели дека немало поплаки (значи ли тоа дека навистина нема сексуално вознемирување или кај нас се сосема поинакви третирањата на истото, на пример), додека вториот директор оценува дека неговите ученици мислат на други работи (!) – како да совладаат некое музичко дело – па белки го прескокнуват пубертетот.

И сега во ваков – комплетно несоодветен – статистички „амбиент“ се извлекуваат заклучоци од насловот, според кој „и за средношколките е подобро на сиромашниот југ“, при што она „сиромашен“ му доаѓа можеби како некаков „духовен презерватив“ во однос на појавата.

 

НЕСЛУЧАЈНИ СПОРЕДБИ

Но, дека не се работи за случаен текст, туку за втор напис во низа на тема: шведски девијации – наши (по)безбедни состојби, кажува и првиот прилог кој на страниците на истиот медиум се сретна на 8 август под наслов „За жените е подобро на сиромашниот југ“, каде друг автор, одново повикувајќи се на изјава на истиот извор во Шведска, констатирал дека „Во Шведска има 14 пати повеќе силувања отколку во Македонија“. Најпрвин, не е објаснет феноменот на различните третмани за тоа што е силување (да се сетиме само на случајот Асанж, кој ја допре таа разлика) во Шведска и во поголем дел од западните правни системи.

Авторот има и втор извор – годишник на ОН – што е добро, а во однос на земјава има само кус разговор со Мирјана Јовановска-Стојановска, психолог и психотерапевт. И, индикативно, нејзините одговори јасно укажуваат дека кај нас постои голем страв кај жртвите да пријават сексуално насилство и дека практично немаме сознанија за тоа колку лица се жртви во текот на една година. Ова особено важи за жените кои најчесто се силувани во стан на пријател, познаник и слично, бидејќи и во потсвеста на жртвите постои големо самообвинување во однос на стапнувањето преку туѓ праг, односно постои сомнение дека никој, веројатно и правната држава, нема да го признае како недоброволен сексуален чин она што се случило откако се заклучила вратата!

Од каде тогаш слободата да се извлекуваат такви споредби кои треба да значат дека помладите, девојките и жените треба да се чуваат ако одат во „богатата ама неморална Шведска“. Можеби сме посиромашни и немаме работа ама затоа имаме образ! – е поуката од овие два прилози.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тендециозен и коментаторски

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести