verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грците се жалат на реакциите вo Македонија за писмото од Самарас

on 31 - 07 - 2013       

Вовед: Ова е пример за информација, во која она што го има во излогот (насловот), го нема во продавницата (текстот). Иако насловот најавува дека „Грците се жалат на реакциите во Македонија за писмото од Самарас“, во текстот само нејасно и нецелосно се цитираат реакциите кои од Македонија се пренесени во грчкиот печат. Во нив, пак, освен известувачка сувопарност, не преовладува никакво „жалење“, како што се тврди во текстот.

Utrinski1Линк до оригиналниот напис: Грците се жалат на реакциите вo Македонија за писмото од Самарас

Датум и време на објавување: 19.07.2013

Датум на рецензирање: 29.07.2013

Рецензент: Катерина Блажевска

Вистинитост: Не може да се утврди дали наводите и нивната веродостојност се точни, бидејќи во текстот грчките медиуми, од кои два посебно акцентирани, се подведуваат под ист цитат:

„Провладините медиуми во Скопје коментираат дека негативниот одговор на Самарас ја потврдува индифeрентноста на грчката страна за прашањето за името,“ пишуваат грчките медиуми, меѓу кои и весниците „Катимерини“ и „Експрес“.

Извори на информации: Текстот се повикува „на грчките новинари кои се занимаваат со ова прашање,“ што е целосно непрецизен извор. Притоа, се додава дека ним им пречи тоа што:

„провлaдините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, истакнувајќи дека грчкиот премиер ги одбил предлозите на Груевски за создавање работни групи предводени од премиерите на двете земји, кои преку интензивни консултации со медијаторот Метју Нимиц би нашле решение за прашањето за името“.

Овој цитат е даден во индиректна форма. Со тоа не може да се добие увид во неговата изворна форма, ниту, пак, од каде е изваден заклучокот дека тоа им пречи на грчките новинари.

Содржајност: Веста е несеопфатна и не нуди аргументи за понудената теза во насловот.

Пристрасност: Текстот делумно ја прикажува вистината, односно ја извртува. Како последица на тоа може да се добие и впечаток на пристрасност, која не би требало да се забележува во вест кога се пренесуваат информации од странски медиуми.

Коментирање: Коментаторските елементи се вешто интегрирани во текстот.

Квалитет на насловот: Насловот дезинформира, бидејќи во текстот нема аргументи кои го поткрепуваат тврдењето изнесено во него. Од овој аспект тој е несоодветен за содржината на текстот, нејасен и остава впечаток на тенденциозност.

Заклучок: Текстот не нуди објективна информација, бидејќи со нецелосни и индиректно пренесени цитати се доведуваат во прашање и контекстот и веродостојноста на изнесените наводи. Иако се посочени и ставени во функција на тезата од насловот, ниеден од тие цитати не дава аргументација за наметнатиот заклучок. Кога насловот не добива потврда во текстот, се создава конфузија кај читателите. Овој текст е пример за тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести