verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Голема ајкула уловена на Халкидики Грција

on 23 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-020-mk__p302756-crop-resize

Случајно или намерно, во текстот кој го рецензираме е направена сериозна материјална грешка која му дава сосема друга – застрашувачка конотација и може да ги доведе во заблуда читателите. …„на само 26 метри од плажата Касандра уловена е ајкула“. Иако се работи за обична фото-вест, вака како што е пласирана личи на намерна конструкција луѓето да не одат на летување во Грција бидејќи на 26 метри од плажата има ајкули.

FireShot Screen Capture #020 - 'Голема ајкула уловена на Халкидики, Грција (фото) I Република Online' - republika_mk__p=302756Линк до оригиналниот напис: Голема ајкула уловена на халкидики Грција

Датум на објавување: 19.08.2014

Датум на рецензирање: 20.08.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

КОГА ПРЕПИШУВАТЕ – ЧИТАЈТЕ ТРИПАТИ

Веста која ја рецензираме не е оригинална и преземена е од некој регионален портал без да се наведе изворот. Со сурфање утврдивме дека оригиналната вест потекнува од Halkidiki News – Ena skilopsaro 200 kilon и објавена е на 2. aвгуст. Значи, точно пред осумнаесет дена.

Едно од петте основни новинарски прашања на кои новинарот кој пишува вест мора да одговори доколку сака веста да биде содржајна, е, меѓудругите и кога?: кога настанот се случил. Според „Halkidiki News“ тој се случил на 2 август и регионалните портали го објавиле истиот ден Опрез- ајкула од три метра, а во Македонија веста првпат е објавена на 5 август на порталот на Радиомрежа Канал 77 Ајкула од три метри уловена. Значи, се работи за рециклирање на стара вест, при што намерно не е одговорено на прашањето кога настанот се случил.

 

ШИРЕЊЕ ПАНИКА

Она што е уште пострашно се работи за случајна или намерна грешка во фактите. Меѓутоа, таа грешка кај граѓаните може да предизвика паника и чувство на страв.

„Ајкулата е уловена на само 26 метри од плажата, од страна на еден риболовец, кој  поради големината не можел самиот да ја извади од водата“.

Оваа информација под разни застрашувачки наслови е пренесена за неколку минути на скоро сите македонски портали: Огромна ајкула уловена во Грција, Страшно -на Халкидики, на плажата Касандра уловена огромна ајкула.

Сите медиуми кои коректно ја пренеле веста објасниле дека ајкулата е фатена на 16 милји, односно 26 километри од брегот што на целата информација ѝ дава сосема друга содржина (Туристи опрез ајкула од три метра уловљена на Халкидикију). Медиумот, освен ако намерно не сакал, немал никаква причина да создава паника и сеење страв, затоа што ајкулата е уловена многу далеку од плажите каде вообичаено нема капачи. Логично е дека никој не плива 26 километри далеку од плажата. Таму се движат бродовите, меѓу кои и овој рибарски кој ја уловил ајкулата и поради нејзината големина ја довлечкал мртва до брегот, каде предизвикала љубопитност меѓу капачите. Значи, ајкулата воопшто не е уловена на плажата. Па, според тоа и целата содржина на вестта не е точна. Граѓаните се доведени во заблуда дека настанот се случил можеби истиот ден кога весста е објавена и дека целиот настан се одиграл на плажата, односно на само 26 метри од брегот на плажата, што не е точно, и кај читателите можело да создаде страв, паника и дилема дали да одат на летување на овој грчки полуостров.

Се работи за сериозна манипулација со фактите и повреда на основните критериуми и член 1 на Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 

И во овој случај би требало да постапи во согласност со член 3 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 3.

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор, во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести