verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство

on 3 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

www.kurir_.mk_makedonija_vesti-crop-resize

 

Рецензираме текст во кој целосно затаиле стандардите на етички исправното новинарство. Во овој спинерски производ, мислата на еден аналитичар е издигната на ниво на гледиште на целата  експертската јавност, што е навистина претенциозно. Написот прозвучува како да навива за тоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, што поскоро да биде осуден и тоа за велепредавство!

www.kurir.mk_makedonija_vestiЛинк до оригиналниот напис: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство

Датум и време на објавување: 01.02.2015; 13:37

Датум на рецензирање: 02.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕ ПРЕМИЕРОТ!

Станува збор за исклучително тенденциозен и пристрасен текст, ставен во функција на политичка пресметка со лидерот на опозицијата. Паѓа в очи тоа што обраќањето на премиерот (31 јануари 2015 година), во кое тој соопшти дека Заев „му се заканувал со снимени компромитирачки телефонски разговори на највисоките државни функционери, добиени од странска разузнавачка служба и го уценувал за формирање техничка влада“, добива тежина на неприкосновена вистина.

Практично, наводите искажани во јавниот настап на премиерот се третираат како непобитен факт, па, имајќи таков пристап, целиот напис е интониран како да е веќе докажано дека Заев, односно лицата опфатени со полициската  акција „Пуч“, се виновни за „шпионажа и за насилно уривање на уставниот поредок“. Иако тие во моментот се само осомничени и допрва ќе следи судски процес.

 

ЛИНЧ ЗА ЗАЕВ“!

Видливо е дека во текстот воопшто не ни била планирана втората страна на приказната. Тој е правен во стилот „да се линчува Заев“!  Затоа и се користи само едно единствено експетско мислење  – на професорката по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Тања Каракамишева-Јовановска . А, таа оценува дека кривичната пријава што ја поднесе МВР против лидерот на СДСМ, за „насилство спрема претставници на највисоки државни органи“, треба да се прошири и за уште едно казниво дело – велепредавство ( член 305 од Кривичниот законик, стр, 130). Оваа поента потоа се извелкува во манипулативниот наслов како барање на стручната јавност!

Но, наспроти тоа што професорката во изјавата вели дека:

„Ова дело е засилено и дополнително поткрепено со уште многу факти и информации кои во последниве девет месеци, посебно по завршувањето на предвремените парламентарни и претседателските избори, во континуитет беа изнесувани во јавноста од страна на опозицијата“,

сепак, во текстот не може да се прочитаат докази за вакво тешко обвинување.

Во најмала рака, прозвучува несериозно, дури смешно, како доказ за велепредавство, на пример, да се посочи непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата “, или „неучеството во работата на Собранието“. Па, затоа, и заклучокот на овој наменски скроен производ изгледа исфорсирано:

„…овие и вакви преседани во македонската политика мора да бидат навремено пресретнати и соодветно казнети со цел истите да не добијат сила да станат политичко секојдневие и политичка пракса, опасно за сите.“

Дополнително, експертот врз основа на чиј став е конструиран целиот напис, јавноста не го доживува како независен. Напротив, професорката е постојано присутна во медиумите (наклонети на власта) со нагласена поддршка за владините проекти и критички настроена кон потезите на опозицијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести