verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра

on 23 - 09 - 2014       

Do_Balcak_09876-09800-crop-resize

Расправата околу долговите што ги остави зад себе најскапиот досега снимен македонски игран филм „До балчак“, заедно со аферите на црвениот тепих на Фестивалот Манаки, веројатно наскоро ќе бидат заменети со она што е посуштинско: оценка на уметничките вредности на делото. Сепак, овој прилог привлекува внимание врз основа на обидот на авторките со „проста математика“ да ја испробаат исплатливоста на проектот, макар и хипотетички. На прв поглед ништо посебно, ама што би се рекло – некому би требало да му текне!

Do_Balcak_09876-09800Линк до оригиналниот напис: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра

Датум и време на објавување: 16.09.2014, 17:50

Датум на рецензирање: 21.09.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Задолжената продуцентска куќа „Триангл филм“, која стои зад филмот „До балчак“, ќе може да ги исплати долговите кон соработниците на филмот само ако филмот добро се продаде во кино салите во земјава и во странство. Единствено на тој начин уметниците и другиот кадар што работеше на филмот ќе може да си ги добијат неисплатените пари. Никакви протести нема да бидат од полза, велат филмаџиите“.

Она што веднаш паѓа во очи во овој текст е дека постои онаа неопходна хронологија на настаните до која авторките се држат доследно, која не е испревртена со вметнување на тековни ексцеси од Битола, заради добивање на атрактивност. Најнапред, имаме за прв пат сосема прецизно „изоден пат“ од првите пари кои ги добива продуцентот, преку оние попатни спасувања на проектот во точни износи, за да се види едниот количник. На другата страна се сосема прецизно наведени сите елементи на трошковникот, па јасно се гледа и вториот количник. Резултатот на двете соочувања на добиените суми е недвосмилен во однос на колосалната загуба (речиси една четвртина од вредноста на проектот) кој го води во „була“. И сега сите сме исправени пред ветувањето – дека долгот ќе се покрие со проекциите и заработувачката од билетите.

Пресметката покажува дека во најдобрата резултанта на кино дистрибуција на филмот во сите кино сали во земјава (две во Скопје и 19 низ Македонија), може да се заработат најмалку 150.000 евра во две недели проекција. Ова е време во кое би се исцрпел интересот за делото кај кино-гледачите. Излегува дека тоа е само една петтина од борчовите, па и оваа приказна за одложен надомест на хонорарите за актерите и обесштетување на битолските дуќанџии, на пример, паѓа лесно во вода.

На овој начин сите што се инволвирани во проектот кој однапред, според парите, добил статус на дело од „национален интерес“ се исправени на – гола ледина. Во правна држава тужените – продуцентите ќе мора да одговараат заради фактот што измамиле многумина инволвирани, меѓу нив и (според дадени примери на самите авторки) некои кои ги изгубиле изворите на својата егзистенција.

Ваквите прилози во весниците секако стануваат пример на објективност, која ретко се сретнува, на едно креативно растојание од настаните без оглед што некому во владините кабинети ваквиот пристап нема да му се допадне, а што дневниот весник во кој е објавен прилогот се третира како близок токму до овие центри на моќ. Некои можеби овој прилог ќе го третираат дури и како знак на некаков отклон на државата од „До балчак“, евентуално и после првото гледање, но мислиме дека пристапот на авторките од старт е независен и покажува искрено подаништво кон вистината.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести