verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Даниел Кајмакоски: Славата го надвладеа патриотизмот?!

on 28 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

03252014-Patriotizmot-na-Da-crop-resize

Текстот што го рецензираме е еден од оние репрезенти на онлајн „новинарството” за кои никогаш не знаеш што се, на кој жанр му припаѓаат: личи на колумна, мислење, коментар, но, освен што нема потпис на авторот, што е еден од елементарните елементи на овие жанрови, нема ниту графичко укажување во дизајнот дека се работи за колумна. Значи, не е рубрициран. Така сугерира и членот 13 од Кодексот на новинарите:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

03252014-Patriotizmot-na-DaЛинк до оригиналниот напис: Даниел Кајмакоски: Славата го надвладеа патриотизмот?!

Датум и време на објавување: 24.03.2014, 17:20

Датум на рецензирање: 27.03.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Непочитувањето на разликите меѓу фактите и мислењето во новинарството не е ниту етички, ниту дозволено. Кога некој изнесува мислења, кога коментира, тој мора тие мислења да ги потпише. Особено кога се однесуваат на луѓе, на реални луѓе. Тоа е доблест која мора да манифестира. На што личи некој да изнесува вакви сериозни оценки за некого, а да се крие зад анонимност или зад логото на медиумот?

Кога на публиката ѝ се сервираат вакви аморфни, неидентификувани новинарски форми, не е можна ниту некоја посериозна нивна анализа, освен да се спротивстават мислења или да се укажат некои нови аспекти за оваа „колумна“, која не е ништо друго освен „дрвја и камења“ и повик за бојкот. Уште повеќе, авторот на овие редови ѝ изрекува пресуда на една личност која овие денови стана регионална ѕвезда благодарение на едно реално телевисико шоу за избор на таленти. Како поинаку да се оцени оваа реченица:

„Татковината ширум му ги подаде рацете уште пред да стане ѕвезда. А, ѕвездата почна да се гасне уште и пред да блесне.”

Освен што не му доликува овој тон на некој што се нарекува новинар, тоа е во судир и со првиот став од членот 7 на Кодексот на новинарите:

„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.“

Познатите личности носат со себе си и со своето дејствување нешто за што некои од нив не се многу среќни – дел од нивната приватност станува предмет на интерес на јавноста и на медиумите. Но, тоа не значи дека треба да „им се качиме на глава“, или, пак, да им пресудуваме заради тоа што изневериле некои наши очекувања. Еве една илустративна забелешка искажана на еден форум на проиминентниот Институт Поинтер:

„Станавме воајеристичко општество. Но, треба да внимаваме и јасно да ја правиме и понатаму разликата меѓу онаа информација што е вредна да биде вест, од онаа која е резултат на ’новинарска порнографија’.“

Меѓу другото, новинарската порнографија е поигрување и манипулација со ниските страсти, а таблоидизираниот патриотизам е добра „нива за орање“ за новинарите кои патриотизмот го идентификуваат со синтагмата „ако не е со нас, тогаш е против нас“.

И најдобро е тука да ја завршиме оваа рецензија, освен можеби со една порака до „патриотите“ за почеток, да си го научат македонскиот јазик: Не се вели „воглавном”, туку „главно” или „претежно“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести