Рецензиja: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците
Објавено во Рецензии
on 24 - 12 - 2014 Автор: Љубомир Костовски
По утрото, денот, нели, се познава. Така е и со одгласот на секако најзначајниот настан во Македонија во понеделникот, на 22 декември, во најголем дел од нашите медиуми, електронски и печатени. Ако нешто се премолчува, секако го оддава и односот кон тој настан пост фестум. Значи, протестот на хонорарците, настан за кој станува збор, не мина „славно“ и во известувањето од него потоа! Во некои медиуми не осамна најава за она што значеше трето масовно излeгување во последните 40-тина денови на народот на улица и што, без сомнеж, беше своевиден „политички земјотрес“. Одгласот од протестот следниот ден, барем според овој текст, беше, како што очекувавме, под дозволените стандарди.
Линк до оригиналниот напис: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците
Датум и време на објавување: 22.12.2014, 18:10
Датум на рецензирање: 23.12.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„Да се стопира примената на измените кои воведуваат плаќање придонеси од задолжителното социјалното осигурување за хонорарите, како и да се отвори простор за нивна измена и повлекување – истакнуваат протестантите.“
Верувале или не, ова е единствената реченица со која треба да се оправда протестот, иако се работи за дузина барања поврзани со промената на даночнот систем! Тука, во импресијата, не го гледаме објективно мотивот за протестот, неговото траење, содржината на парите, бројот на протестантите (кој и онака ќе беше минимизиран, ама е, сепак, составен дел на нормално известување од вакви настани), организаторите, говорниците, содржината на говорите, како и некои детали кои се битни (на пример, фрлањето на ситни пари во дворот на владата). Вака, фрлен без содржина, насловот сугерира дека протестантите се против принципот на солидарност во општеството!
Нема потреба да се говори колку само простор се остави последните недели за фалење на оваа мерка на власта. Но, тоа не беше доволно, па во веста за протестот повеќе од една третина се издвојува за цитирање на аргументите на тие што се, практично, против барањата на протестантите. Во тој контекст има цитати за дури две институции – ССМ и Сојузот на стопански комори, а веќе рековме дека од протестантите, како образложение на нивните мотиви, има само една реченица од анонимен давател или само како доживување на известувачот (не е јасно)!
Толку од професионалноста на овој текст.
Да кажеме дека и во првиот извештај во онлајн-верзија (види овде), објавен околу 15 часот, имаше неколку редови, одново без елементарни содржини – за организатори, учесниците, паролите … само со опис на патеката на движење на протестантите.
Само како илустрација – „Ал Џазира Балканс“ посвети голем дел од вестите на протестот во Скопје со три одделни прилози (куса репортажа од настанот, мини-репортажа за еден хонорарец и интервју со културни работници) во траење од веројатно пет минути! Секако, барем таму може да се види лесно кои основни елементи треба да содржи една вест. Протестантите не се интересни за својот народ, ама се интересни за светските медиуми!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
Има недоволно основни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови