verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумот како ѕиден весник на пропагандата

on 28 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

06262015-Republika-Gruveski-crop-resize

[Рецензија: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција]

 

Сосема е нормално политичарите да ги користат сите канали за комуникација, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, за сопствена и за афирмација на политиките што ги застапуваат. Никој не е наивен да помисли дека на сопствениот фејсбук-профил, премиерот, на пример, ќе биде објективен и реален и дека нема да пропагира. Се разбира, тој може да го прави тоа, ама зрелите, медиумски емнаципирани поединци и организации, ќе знаат да го препознаат тоа и да не дозволат неговата субјективност или невистина, да влијае на нив.

Тоа најмалку се очекува од медиумите. Тие треба да ги следат активностите на политичарите на социјалните мрежи, но само како информација која ќе поттикне автентична и дополнителна новинарска работа и процесуирање на информацијата која има елементи да биде вест во автентична медиумска содржина.

Сѐ друго, „голото“ пренесување на пропагандата, го прави пропагандистички медиумот што постапува така – се претвора во ѕиден весник на пропагандата

06262015-Republika-GruveskiЛинк до оригиналниот напис: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција

Датум и време на објавување: 24.06.2015, 13:44

Датум на рецензирање: 26.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Тоа се случило со медиумската содржина и со медиумот, кој таа содржина, без критичка дистанца, ја пренесенува на интернет-изданието. Целата информација е врз основа на фејсбук-статус на премиерот.

Во неа нема ништо за тоа дали постои некаде тој план и што содржи. Медиумот дури и не се ни запрашал, за разлика од некои други медиуми, кои известија дека се обиделе да дојдат до тој план, но дека било залудно. Некои други медиуми дури и му пристапиле на претседателот на владата за да го прашаат за една ваква суштинска тема. Премиерот го избегна прашањето на новинарите што содржи планот.

И, за да биде апсурдот уште поголем, на веб-страницата на Владата за планот известуваат со тоа што го пренесуваат ФБ-сатусот на премиерот (?!?). Тое е многу несериозно од владините служби за комуникација со јавноста. Тие морале да стават линк до планот. Ако постои.

Како и да е, оваа постапка го прави медиумот пристрасен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести