verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака?

on 19 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

03182015-Zurnal-Dimirov-crop-resize

 

Што има овој текст од принципите на професионалното новинарство и од Кодексот на новинарите? Ништо! Зошто? Еве зошто!

Но, прво да кажеме дека оваа медиумска валканица има цел да нападне личности, а не аргменти, да извалка карактери, а не да анализира ставови.

03182015-Zurnal-DimirovЛинк до оригиналниот напис: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака?

Датум и време на објавување: 09.03.2015, 09:41

Датум на рецензирање: 18.03.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Ајде да тргнеме од вистинитоста во рецензијата на овој текст. Дали има вистина во една вака конструирана реченица:

„Јавноста е згрозена од однесувањето на Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшоски и нивните испади, но прашањето е какви компромитирачки материјали има шпионскиот уценувач и прислушувач Зоран Заев за нив, за тие да се однесуваат вака?“

Како прво, како може некој да пишува во име на јавноста, а да не понуди увид во тоа како реагирала јавноста на иницијативите на Димитров, Лазаревик и на Димшоски. Освен тоа, може да земеме за вистина дека дел од јавноста била „згрозена“, но тоа сè уште не е целата јавност. Значи, треба да се определи и да се идентификува која јавност, а тоа да се поткрепи со докази.

И како може некоја постапка да се оцени како „испад“, а тоа да биде новинарски текст?

Што да се каже, пак, за медиумската култура на авторот и на уредникот на ова писание, имајќи го предвид речникот во кој некого, без аргументи го нарекувате „шпионскиот уценувач и прислушувач“? Далеку од сите етички правила и препораки.

И останатото е далеку од професионалните норми и препораки на сите кодекси на новинарите. Има само непоткрепени клевети, инсинуации и обвинувања кои се оправдуваат со „информациите до кои дојде…“. Недолично и крајно неновинарски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести