verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите

on 24 - 03 - 2014       

03192014-Republika-Otsteta-crop-resize

Новинарската содржина што ја рецензираме е во судир со члeнот 14 од Кодексот на новинарите:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

03192014-Republika-Otsteta-Линк до оригиналниот напис: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите

Датум и време на објавување: 19.03.2014, 14:06

Датум на рецензирање: 20.03.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Објавувањето на овој новинарски текст не е во прилог на избалансирано известување од предизборниот процес и тоа многу едноставно се докажува или е видливо ако се има предвид членот 8-А од Изборниот законик кој многу јасно налага:

„Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може:

– да се располага со буџетски средства на Република Македонија, средства на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал;

– да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.“

Внимателниот читател веднаш ќе реагира и ќе забележи дека текстот што е предмет на рецензија не го крши законот. Во него само се известува за една владина одлука која владиниот портпарол најавува дека ќе се рализира после изборите.

Ако е така, тогаш зошто за една одлука која била донесена пред месец и половина се организира прес конференција за да се соопшти дека ќе се реализира после изборите?

Неспоредливи се можностите на владеачките партии  зашто премногу се различни ресурсите на владејачките партии и оние за опзициските партии. Затоа беа донесени амандманите на Изборниот законик, кои во членот 75-Б од Изборниот закон, многу подецидно говорат за духот на фер и правично известување на медиумите во време на предизборието:

„Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за активностите на правни и на други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, во програмите на радиодифузерите, во периодот од денот на распишување на изборите до нивното завршување не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.“

Ако го имаме овој член од законот вон перспектива, тогаш како изгледаат активностите на владата, имајќи го предвид настанот за кој известува медиумот чиј извештај го рецензираме. Или, како изгледаат активностите на владата гледани од аспект на тој член од законот само во еден ден:

  1. Министерот за труд и социјала ги посети пензионерите во бањите;
  2. Гасификацијата на Скопје беше објавена на 29 јануари оваа година, а целата влада на чело со премиерот одржа прес конференција на оваа тема. На 19 март, во период кога, заради членот 8-А од Изборниот законик не се дозволени лопати и црвени ленти, како и акции за распределување пари од буџетот на Република Македонија, министерот за транспорт и врски објавува иста вест – гасификација на Скопје. Го постигна истиот ефект како и пред една недела кога го посети големиот градежен потфат – изградба на плажа во Дојран.
  3. Министрите Самак и Пешевски во посета на ТИРЗ, трговско-индустриска развојна зона. Зошто? Нема ама баш никаков повод ниту причина, ама има медиумско внимание.

Духот на овие одредби на Изборниот закон во голема мерка ја илустрира потребата на медиумите да обрнат дополнително внимание зашто поинаку можат да се соочат со казнените одредби во врска со прекршувањето на членот 75-Б, кој предвидуваат:

„Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на радиодифузерот, ако:  – известува за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, и на правните лица на кои им е доверено вршење на јавни овластувања, спротивно на членот 75-б на овој закон.“

На крајот на оваа рецензија укажуваме на една констатација од новинарската лекција објавена на Сервисот за проерка на фактите од медиумите, која многу прецизно предупредува:

„ Новинарите мора да бидат свесни дека написи скроени  во поданички манир и ставени во функција на пропагандни цели, како и тенденциозни текстови во кои се спинува вистината и се покажува дури отворен анимозитет кон една или друга партија, може значително да ја искриват сликата што им се сервира на граѓаните и во крајна линија да влијаат врз исходот од изборите.“

Тоа, медиумите и новинарите што држат до професионалното новинарско достоинство, не смеат да си го дозволат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести