verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Сите иматели на бугарски пасоши од Македонија ќе треба или да служат војска или дебело да платат!

on 3 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

09012014-BezPardon-BG-pasos-crop-resize

Последните денови од август, од засега непознати причини, одреден број медиуми во Македонија објавија информација која, наводно, ја презеле од бугарките медиуми, или пренесуваат ненаведени извори, дека имателите на бугарски пасоши како основ за второ државјнаство ќе треба да служат војска или да платат надомест за ослободување од оваа обврска ви висина од 2.000 лева, односно, 1.000 евра.

Оваа информација не ја потврди ниту една државна институција на соседна Бугарија, а дел од бугарските медиуми известија дека оваа информација е лага и искористија да додадат дека ова е дел од пропагандата на Република Македонија против оваа членка на ЕУ.

Оваа рецензија, во исто време, е резултат и на предлог на наш читател кој на местото за предлози за рецензија на наши читатели ги нагласи овие факти: Во Бугарија нема „служење“ војска, туку таа е професионална војска, и второ, оваа информација е конструирана врз основа на една стара вест, од фебруари оваа година, кога во Софија изби скандал дека тамошната Дирекција за Бугарите во странство (ДБС), издавала пасоши на луѓе кои не ги исполнуваат криетриумите за стекнување бугарско државјанство, а аплицирале од Македонија, Косово и Албанија.

09012014-BezPardon-BG-pasosЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Сите иматели на бугарски пасоши од Македонија ќе треба или да служат војска или дебело да платат!

Датум и време на објавување: 26.08.2014

Датум на рецензирање: 02.09.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Аферата за корупцијата во ДБС ја објави бугарскиот медиум Труд (Скандалът с незаконните БГ паспорти: Държавната агенция за българите в чужбина гази закона, ще я закриват“) на крајот на февруари оваа година. Главното откритие на новинарите истражувачи на овој медиум, е дека оваа дирекција за 1.000 евра издавала пасоши на луѓе кои на интервјуата за државјанство одговарале на албански или арапски со посредство на преведувачи.

Во ниту еден од текстовите на Труд, ниту, пак, на било кој друг медиум од Бугарија, кои во тој период ги презедоа текстовите на овој медиум, ниту еднаш и никој не спомнува дека заради оваа афера имателите на бугарски пасоши од други земји ќе служат војска или ќе плаќаат надомест за да не служат.

Нашиот читател, кој ја предложи оваа тема за рецензија, се погрижил да ни достави линк од пребарувањето на Гугл низ бугарските медиуми, со кој потврдува дека ниту еден медиум не спомнува ваква можност.

Следејќи ги сугестиите на нашиот читател, и ние направивме мало пребарување на интернет и откривме дека за оваа информација, оти Македонците ќе служеле во бугарска војска, не може да се најде никаква изјава или потврда од било која бугарска официјална институција.

Напротив, она што го најдовме е демант во бугарските медиуми. Еден од нив на оваа тема објавува наслов: „Темата България в македонските медии: Лъжат притежателите на български паспорти, че ще служат в армията“ („Темата Бугарија во македонските медиуми: Ги лажат имателите на бугарски пасоши дека ќе служат во амријата“).

Инаку, информацијата што ја рецензираме има повеќе професионални недоследности, кои заради нагласување на невистинитостите изнесени во неа, само таксативно ги наведуваме: Информацијата нема извори, има коментари кои не се издвоени од „фактите“, забележлива е патриотска пристрасност…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести