verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога Ајнштајн рекол „Сѐ е релативно“, мислел на нешто друго

on 13 - 02 - 2015       

02112015-Dnevnik-Zaev-crop-resize

(Рецензија: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка)

Релативизирање на еден сериозен скандал, како што е обвинувањето на опозицијата дека илјадници граѓани на државата неовластено биле прислушувани, е единствената цел на оваа медиумска содржина.

Кога непотпишаниот автор смета дека го постигнал ова новинарско салто мортале, влегува во афирмација на друга теза која почнува во насловот „Терор и страв: Сите ве имам на снимка“ за да потврди дека тој што ја открил аферата, сее терор и страв, а не тие за кои се најавува дека биле нарачатели на неовластеното снимање на телефонските разговори.

02112015-Dnevnik-ZaevЛинк до оригиналниот напис: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка

Датум и време на објавување: 11.02.2015, 09:28

Датум на рецензирање: 11.02.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

„Кој е јавниот интерес во разговорите што завчера како ’бомба’ за рушење на ’криминалната’ власт и ’враќање на демократијата и слободата’…“

Во тој дух, оваа медиумска содржина ја афирмира тезата дека не е битно тоа што, наводно, се снимани неовластено приватни разговори, туку битно било што во нив немало докази за политички криминал и за корупција. Тоа во пропагандата се нарекува – спин.

Исто така, за да се первертира оваа дијаболика докрај, се пласира конструкција дека постоеле наводни закани на Заев и на неговите сопартијци, дека испраќале „заканувачки пораки во стилот: Те имаме и тебе!“. Ова со ништо не е поткрепено. Дури ниту со вообичаената флоскула „дознаваме од наши извори“.

Веројатно без да бидат свесни за тоа, авторот и тој што го уредил, одобрил, овој текст, откриваат постапка која е во спротивност за протоколите за работа на обвинителството и тврдат:

„Извори на истрага се потрудија до медиумите да стигне неговото писмо до Зоран Верушевски, каде што повторно упатува на соработка со срански служби.“

Зошто обвинителството се „потрудило до медиумите да стигне“ некој документ, среде истрага, кој според  атрибутите што му се припишуваат е крунски доказ – сега засега?

Во чуден и прилично неоснован контекст се вметнуваат и реаакциите на меѓународната јавност, преку соопштенијата на нивните амбасади во Македонија, освен она на руското МНР, се стигматизираат зашто биле подршка на Заев, а Американците дури барале објаснување што сакало обвинителството кога предупреди дека објавувањето на материјалите што можат да бидат предмет на кривична постапка е забрането.

Со ова, најверојтно без да се сака, се влегло во контрадикција и се обвинуваат Американците зашто барале одговор од обвинителството (повикале дека објавувањето на материјалите кои можат да бидат предмет на кривична постапка е забрането), а самите тие, обвинителството, во врска со писмото Заев-Верушевски, „се потрудиле да стигне до медиумите“.

Има една објективна ситуација додека трае целата оваа рашомонијада со „бомбата“, на која се придодаваат медиумските магли и замешателства, кога е многу тешко да се разјасни што е вистина, а што не, што е полувистина и дали тие се пуштаат намерно или случајно…

Но, професионалното новинарство и за вакви случаи има предвидено едноставна алатка. На таа алатка многу прецизно потстетува проф. Најчевска во својата анализа „Конфузиите во случајот „Пуч“ како средство за манипулација на јавноста“:

„Многу е тешко во услови на конфузија, создадена од страна на власта, медиумите да ја адресираат секоја информација, полуинформација и лажна информација. Меѓутоа, тие имаат на располагање моќна алатка: да поставуваат прашања и да бараат сведување на одговорите до многу елементарно ниво, кога едноставно станува многу тесен и просторот за дезинформирање и за затскривање во намерно создаден облак од прав.“

Ете, толку треба. Но, тоа го нема во овој текст зашто тој е апсолутно политички пристрасен. Дополнително, има засилување на таа пристрасност со монтажа на илустрација, фотографија и на графика, што го придружуваат овој текст, а кои треба да ја поддржат тезата за сеење терор и страв.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести