verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација од почеток до крај

on 26 - 07 - 2016       

infomax

[Рецензија: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!]

 

 

Овој текст е шпекулација од почеток  до крај. Во него како извор се користи наводен разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“, но таквиот извор е неверодостоен. Написот е политички пропаганден и има цел да ја нападне заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп iNFOMAX.mkЛинк на оригиналниот напис: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!

Датум и време на објавување: 21.07.2016

Датум на рецензирање: 26.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ШПЕКУЛАЦИИ, КОМЕНТАРИ, КВАЛИФИКАЦИИ

Уште на самиот почеток од тексот имаме коментари и квалификации, како и шпекулации.

„По катастрофалниот договор кој го „издејствува“ Шеќеринска за СДСМ, тензиите помеѓу членството постојано се зголемуваат, а освен јавните напади по социјалните мрежи насилството се префрлило и на улиците и во штабовите на партијата“.

Тука се нагласува дека последниот договор што го постигнаа преговарачките тимови на четирите најголеми партии за излез од кризата, бил катастрофален за СДСМ и тоа благодарение на Шекеринска. Меѓутоа, не се наведени аргументи со кои би се поткрепиле ваквите тврдења. Зошто договорот е катастрофа за СДСМ и зошто токму Шекеринска е виновна за тоа, кога се знае дека таа преговара во име на партијата, а не во лично име.

 

НАФРЛЕНИ (ДЕЗ)ИНФОРМАЦИИ

Понатаму се наведува дека „тензиите помеѓу членството постојано се зголемуваат“. На какви тензии се мисли во текстот? Нема ништо конкретно, само нафрлени работи, што отвара сомнеж дека тие можеби и не се вистинити.

„Имено, во комуникација помеѓу двајца сопартијци од СДСМ се опишува начинот на кој членовите на прилепскиот огранок на СДСМ го нападнале, фрлиле во шахта и му ја затвориле уредникот на соросоидниот п(а)ортал Рубинчо „Народен Глас“.“

Подолу, како доказ е наведена наводна комуникација на „Фејсбук“ од која се изведува заклучок дека сопственикот на порталот „Народен глас“ завршил во шахта поради револтот на сопартијците. И ова не држи вода, од причина што разговорот кој е прикажан не е поткрепен со доказ – нема изјава од засегнатата страна во написот, а тоа е уредникот на порталот „Народен глас“.

Во овој напис се прекршени повеќе одредби од Кодексот за новинари, меѓу кои и првиот член во кој се вели дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови