Актуелности

Советот за етика ја поддржа жалбата на соработничката на „Критинк“, Мирослава Бурнс против порталот „ДоказМ“

на 15. 06. 2020 | |
Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека жалбата на нашата соработничка Мирослава Бурнс, поднесена заради два написи објавени на поратлот „ДоказМ“ е основана. Комисијата одлучи дека написите на „ДоказМ“ прекршиле дури 6 членови од Кодексот на новинарите на Македонија. Станува збор за членот 1 (потребата од објавување точни и проверени информации), членот 3 (обврската за објавување исправка, демант и одговор), членот 7 (почитувањето на

„Репортери без граници“: На 111. место, Македонија е „лошото момче на Балканот“

на 26. 04. 2017 | |
Париз, 26 април, 2017 – 9:56 (META)  – Најновиот извештај на „Репортери без граници“ ја рангира Македонија на 111. место според индексот на слобода и земјата ја нарекува „лошото момче на Балканот“. Според „Репортери без граници“, слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозијата на владеењето на правото е највидлива во Македонија. Оттаму нагласуваат дека клеветата била отстранета од кривичниот законик во 2012 година, но дека обвиненијата се

СЕММ оцени како основани 9 жалби на Фондацијата „Метаморфозис“

на 7. 04. 2017 | | sq
  Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), вчера, на 6 април, донесе девет одлуки по исто толку жалби поднесени од Фондацијата „Метаморфозис“, при што сите жалби беа оценети како основани. Жалбите се однесуваа на необјавување демант испратен до порталите „Курир“ (kurir.mk), „Лидер“ (lider.mk), „Македонија 24“ (makedonija24.mk), „Нетпрес“ (netpress.com.mk), „Пулс 24“ (puls24.mk), „Република“ (republika.mk), како и до телевизиските станици „Канал 5“, „Нова“ и „Сител.“ Демантите, кои „Метаморфозис“ ги испрати до сите овие медиуми, пак, се однесуваа на невистините за работата на Фондацијата, искажани на средба со медиумите од страна на групата што се нарекува „Стоп операција Сорос“, за која не е јасно што претставува, кого претставува и кој стои зад неа, со оглед на фактот што исти три лица

Втори април, Меѓународен ден на проверката на факти

на 2. 04. 2017 | | sq
Проверка на факти – светлина врз вистината. Фото: Pixabay   Втори април е промовиран како Меѓународен ден на проверката на факти од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти основана при Институтот „Поинтер“ од Сент Питерсбург, сојузна држава Флорида, САД, во соработка со организациите за проверка на факти во светот. Како што вели организаторот на настанот на својата веб-страница, „ова не е само обичен настан, туку верување дека повеќе

Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!

на 22. 03. 2017 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикасни во остварувањето на нивните мисии и во нивните напори за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција и заштитата на животната средина. Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било

Се одржа меѓународната конференција „Е-Општество“ на тема проверка на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството

на 17. 02. 2017 | | sq
  Лажните вести претставени како факти, фикцијата како реалност и (зло)употребата на принципите и стандардите врз кои почива доброто новинарство беа тема на 12. меѓународна конференција „Е-општество.мк“: „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“, која се одржа на 31 јануари 2017 година, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“. На конференцијата се разговораше за важноста на проверката на фактите во медиумите и од аспект на борба против лажните вести и од аспект на почитување на стандардите во новинарството.   „Сервисот за проверка на факти во медиумите е одлична алатка за едуцирање на граѓаните да препознаат вистинити и квалитетни информации, а со тоа и да придонесат во демократизацијата на општеството“,  рече Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“.  Директорот на мисијата

Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија

на 8. 02. 2017 | |
  Проблематиката поврзана со правото на приватност недоволно се третира во Република Македонија, Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации содржат дискутабилни одредби кои можат да ја загрозат приватноста на граѓаните, не постои ефикасен надзор на процесот на следење на комуникациите, а медиумите ја надминуваат границата на пристојност и ја нарушуваат приватноста при објавување информации за јавни личности. Ова се генералните заклучоци од документот за јавни политики „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“, објавен од Институтот за комуникациски студии, чија цел е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности

Демант на лагите искажани од СОС за Фондацијата „Метаморфозис“

на 6. 02. 2017 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“ најостро ги осудува и ги квалификува како тешка лага и клевета и во целост ги демантира изјавите на претставниците на групата од три граѓани наречена „Стоп операција Сорос“ (СОС), искажани на прес-конференцијата на 4 февруари 2017 година. На прес-конференцијата беа изнесени лаги за „Метаморфозис“, вклучително и неточни обвинувања дека на сметки на фондацијата легнувале „милионски суми“ кои, наводно, биле користени за партиски активности и за цели на СДСМ. Најостро ги отфрлуваме ваквите клевети и навреди. Средствата на „Метаморфозис“ никогаш не биле и нема да бидат користени за активности на која било политичка партија. Ваквите конструкции и манипулации имаат цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми и да го нарушат угледот на „Метаморфозис“

„Блокираме“ – нов агрегатор на блогови

на 21. 01. 2017 | | sq
  Новиот агрегатор на блогови, „Блокираме“, ќе биде промовиран денеска во 12 часот во кафулето „Винил“ во Скопје, но и ќе почне новиот конкурс за блогери. Подолу го пренесуваме соопштението.   Со особена чест и задоволство би сакал да ви го презентирам нашиот нов проект „Блокираме“, агрегатор на блогови од Р. Македонија. Блоговите може да почнете да ги пријавувате на следниот линк: http://blokirame.mk/add Покрај повикот да ги пријавите своите блогови

ЗНМ со осуда за вербалното насилство на власта против новинари

на 17. 01. 2017 | | sq
понеделник 16 јануари, 2017 Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кој е насочен против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира. Ваквите напади имаат цел да ги заплашат и да ги замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата