Шпекулација од почеток до крај
Објавено во Рецензии
on 26 - 07 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!]
Овој текст е шпекулација од почеток до крај. Во него како извор се користи наводен разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“, но таквиот извор е неверодостоен. Написот е политички пропаганден и има цел да ја нападне заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Линк на оригиналниот напис: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!
Датум и време на објавување: 21.07.2016
Датум на рецензирање: 26.07.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ШПЕКУЛАЦИИ, КОМЕНТАРИ, КВАЛИФИКАЦИИ
Уште на самиот почеток од тексот имаме коментари и квалификации, како и шпекулации.
„По катастрофалниот договор кој го „издејствува“ Шеќеринска за СДСМ, тензиите помеѓу членството постојано се зголемуваат, а освен јавните напади по социјалните мрежи насилството се префрлило и на улиците и во штабовите на партијата“.
Тука се нагласува дека последниот договор што го постигнаа преговарачките тимови на четирите најголеми партии за излез од кризата, бил катастрофален за СДСМ и тоа благодарение на Шекеринска. Меѓутоа, не се наведени аргументи со кои би се поткрепиле ваквите тврдења. Зошто договорот е катастрофа за СДСМ и зошто токму Шекеринска е виновна за тоа, кога се знае дека таа преговара во име на партијата, а не во лично име.
НАФРЛЕНИ (ДЕЗ)ИНФОРМАЦИИ
Понатаму се наведува дека „тензиите помеѓу членството постојано се зголемуваат“. На какви тензии се мисли во текстот? Нема ништо конкретно, само нафрлени работи, што отвара сомнеж дека тие можеби и не се вистинити.
„Имено, во комуникација помеѓу двајца сопартијци од СДСМ се опишува начинот на кој членовите на прилепскиот огранок на СДСМ го нападнале, фрлиле во шахта и му ја затвориле уредникот на соросоидниот п(а)ортал Рубинчо „Народен Глас“.“
Подолу, како доказ е наведена наводна комуникација на „Фејсбук“ од која се изведува заклучок дека сопственикот на порталот „Народен глас“ завршил во шахта поради револтот на сопартијците. И ова не држи вода, од причина што разговорот кој е прикажан не е поткрепен со доказ – нема изјава од засегнатата страна во написот, а тоа е уредникот на порталот „Народен глас“.
Во овој напис се прекршени повеќе одредби од Кодексот за новинари, меѓу кои и првиот член во кој се вели дека:
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови