На 07.10.2015, во Хотел Stone Bridge се одржа првата од серијата обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали, организирана од фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.
На оваа обука присуствуваа 23 претставници од медиумите од различни градови. На оваа обука беа опфатени следните теми:
- Вовед на темата говор на омраза
- Правни рамки поврзани со говорот на омраза
- Напорите