Новинарски лекции

Медиумите ако употребуваат нелегални снимки треба да ја имаат и „втората страна“

на 31. 08. 2020 | |
Фото: Pexels, автор Адриана Калво

Објавувањето на некои снимки, каде се вели дека наводно лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги навредил Албанците, создадоа различни теории во медиумите, а потоа и во јавноста. Таков е и текстот што ќе го разгледаме, каде што се тврди дека по изјавите на Заев, „не останал капка крв албанска“ кај лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој е во коалиција со СДСМ

Пишува Фатбарда Цури „ПО НАВРЕДИИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИ ЗАЕВ ЗА АЛБАНЦИТЕ ДАЛИ ОСТАНА КАПКА АЛБАНСКА КРВ КАЈ БИЛАЛ КАСАМИ?“ – се вели во насловот на написот што го прегледуваме. Тенденциозен и пропагандистички наслов. Ова е првиот впечаток што го добивате веднаш штом ќе го прочитате овој наслов. Но, ако го прочитаме и текстот

Внимавајте – непрофесионални портали манипулираат со написи од други медиуми!

на 27. 08. 2020 | |
Фото: Pexels

Сосема е дозволено новинарот да зема вести или информации од други медиуми со цитирање, т.е. повикување на изворот на веста. Но, во никој случај не е коректно веста добиена од еден медиум да биде искривена, злоупотребена и изменета со повикување на авторитетот на медиумот што ја објавил оригиналната вест

Пишува Ардит Рамадани Во вакви случаи на преземени вести, исклучително е важно прво да го цитирате вистинскиот извор на веста, во првиот пасус од веста, а во онлајн медиумите дополнително треба да се стави „хиперлинк“, за читателот да може да го види оригиналот. Второ, се додека е земен од медиум и се користи името на овој вториот, веста мора да се пренесе како што е, без да се менува

Не треба да се верува на медиумите чии автори не се јавни

на 20. 08. 2020 | |
Фото: Илустрација

Светот на медиумите се промени многу со појавувањето на онлајн медиумите и продолжува да се менува секој ден сè повеќе и повеќе. Интернетот зазема се повеќе и повеќе важен дел од нашите активности, на нашите лични и професионални животи, кои сè повеќе минуваат низ екранот отколку преку хартија

Пишува: Наиле Даути  Медиумите се во ерата на самоизменување. Весниците користат видеа, телевизиите пишуваат статии на интернет, радијата користат слики

Кога ќе се претера со величење на ликот и делото на Христијан Мицкоски

на 18. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација
Многу често во медиумите сретнуваме написи кои се далеку од критериумот за непристрасно и избалансирано известување, онака како што е дефинирано  во Кодексот на новинарите. Па, наспроти принципите на добрата новинарска практика, читаме текстови кои натежнуваат од различни когнитивни пристрасности како, на пример, ad hominem напади (т.е. напади на човекот) и повикување на емоции и на авторитет, како и селективна употреба на (неточни) информации.  Пишува: Ана Мишковска Кајевска Токму таков школски пример

Кој прв почна да шири дезинформации за „5Г“?

на 11. 06. 2020 | |
Иста лажна вест за помор на врапчиња имаат објавено „Курир“, „Инфомакс“, „Република“ и „Вечер“.
Како преку јавно достапни алатки може да се види кои домашни медиуми постепено влијаеле за креирање на погрешните мислења поврзани со 5Г-технологијата (5G).   Пишува: Тимот на Критинк   Скорешните анкети укажуваат дека значителен дел од граѓаните на Северна Македонија веруваат во неточни тврдења поврзани со Ковид-19 и 5Г. 37% од луѓето во нашата држава сметаат

Не смее да се лицитира и шпекулира со бројот на заразени од корона

на 10. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација
Медиумите треба да бидат докрај професионални и повеќе да се грижат за точното информирање на јавноста, отколку за нивната читаност и бројот на дневни кликови. Навистина нема никаква потреба од објавување на шпекулативни бројки за новозаболени од корона, час или два пред стасаат официјалните информации. Така само настанува забуна и не помага јавноста да биде вистински и точно информирана. Пишува: Симона Атанасовска Ако нешто беше константно во изминатите три

Поттикнување етнички и верски тензии со манипулативната лажна вест за Грција

на 4. 06. 2020 | |
Написите на „Вечер“, „Сител ТВ“ и „Република“ со кои се шират дезинформации и етнички тензии.
  Дезинформацијата дека жителите на одредени општини од Северна Македонија добиваат забрана за влез во Грција која ја демаскираше КриТинк , едновремено служи и за поттикнување меѓуетнички тензии и нетрпеливост на верска основа.   Пишува: Тимот на „Критинк“   Таквите текстови првобитно беа објавени на 3 јуни од „Вечер“ и „ТВ Сител“ под наслов „Грција забрани влез за

Шпанскиот грип и други зарази ја пустошеле Македонија на крајот на Првата светска војна

на 20. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација Крајот на Првата светска војна на просторот на јужен Балкан и на територијата на денешната македонска држава, освен големите воени разорувања и жртви од воените дејствија кај локалното население бил одбележан и со појавата на епидемијата на шпанскиот грип. Болеста, предизвикана од Х1Н1 вирус на грип со необична јачина, бргу се раширила не само помеѓу војниците и завојуваните страни, кои ги водеа завршните битки на Првата Светска војна,

Ковид-19, (не) зрелост во заштитата на личните податоци во РСМ

на 6. 05. 2020 | |
Фото: Pexels

Справувањето со Ковид – 19  ги става медиумите и надлежните во нов предизвик, а тоа е заштитата на личните податоци на граѓаните на Северна Македонија Пишува Фатбарда Цури Ова e поттикнато од три случаи, како што е објавувањето на името на директорката на Клиниката за дерматологија заразена со Ковид-19, на податоците на (неофицијални) лица кои се во изолација и на заразениот новинар. Имаше уште еден случај кога името

Три главни причини за појава на заговорнички теории

на 23. 04. 2020 | |
Илустрација
Зошто во вонредни ситуации гледаме заговори насекаде? Во оваа вонредна состојба станува забележително дека не само што секојдневно се зголемува бројот на лажни вести и дезинформации, но се зголемува и бројот на сосема неверојатни теории на заговор. Приказни кои на рационалниот ум му делуваат како да се излезени од среден век стануваат општо прифатени вистини од голем број граѓани и се шират побрзо од корона вирусот. Се зборува за