Повредено правото на презумција на невиност
Објавено во Рецензии
on 21 - 02 - 2017 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаин?]
Текстот што го рецензираме изнесува непотврдени информации во врска со еден од осомничените во акцијата на МВР, „Мрежа“, С.Р., кому Кривичниот суд на 20 февруари (2017) му одреди мерка притвор.
Без да се почитува правото на презумција на невиност, во текстот се пишува за наводните клиенти на осомничениот и за тоа како тој, наводно, ја набавувал и ја препродавал дрогата. Целиот процес е опишан без да се понудат никакви докази кои, доколку постојат, се предмет на институционално разгледување, односно треба да бидат изнесени пред суд. Наводно, истите потекнуваат од полициски извори, но, сепак, остануваат во сферата на шпекулации и на чаршиски муабети, бидејќи сè уште нема судски докази дека осомничениот навистина постапувал така како што пишува во текстот.
Насловот е сензационалистички и тенденциозен и наместо да информира, поставува прашање на кое подолу во текстот не нуди конкретен одговор.
Линк до оригиналниот напис: Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаин?
Датум и време на објавување: 19.02.2016
Датум на рецензирање: 20.02.2017
Рецензент: Силвана Жежова
ТЕКСТ КОЈ СЕ СТАВА ВО УЛОГА НА СУДИЈА
Написот почнува со откривање на идентитетот на еден од осомничените во криминалната група, при што се откриваат детали од неговиот приватен живот, односно се споменува и името на неговиот брат и функцијата што ја извршувал. Притоа, идентитското клопче се одмотува за да се истакне наводната поврзаност на осомничениот со СДСМ, а особено со парискиот лидер, Зоран Заев.
„Во акција на македонската полиција, вчера беше сузбиена улична криминална група која дилала дрога на улиците во Скопје. Сеад Рахиќ-еден од уапсените дилери е брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен партеник од СДСМ, кој важи за особено близок до Зоран Заев и раководството на партијата, објавија медиумите“.
Овие информации се апсолутно ирелевантни за предистражната постапка која се води за ова осомничено лице. На овој начин се прекршува Кодексот на новинарите, во кој се вели: „Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда“ (член 8).
Потоа во текстот, затскривајќи се зад формулацијата „извори блиски до истрагата“, во сензационалистички манир и со видлива доза тенденциозност се изнесуваат детали за наводните клиенти и за начинот на кој, наводно, бил доставуван кокаинот.
„… клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје. Начинот на работа бил едноставен. Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот“.
Написот не нуди докази за изнесените тврдења. Против осомничениот, кој сега е во притвор, се води предистражна постапка, при што доколку биде обвинет, судот ќе ги изнесе доказите за неговите дејства. Улогата на новинарот е правилно да ја информира јавноста, без да ја преземе улогата на судија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови