Сензационален наслов, неточно информирање
Објавено во Рецензии
on 26 - 07 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Пржинскиот договор неуспешен, почнуваат преговорите за нов договор
Денеска во 13 часот во резиденцијата на aмериканскиот aмбасадор, Џес Бејли, претставниците на политичките парии ќе се обидат да го решат и единственото спорно прашање, ингеренциите на министерот за внатрешни работи во техничката влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите.
Синоќа по разговорите во резиденцијата на Бејли во Водно, претставниците на партиите не дадоа изјави. Амбасадорот изјави дека има интересна идеја и се надева дека ќе постигнат договор до крајот на неделата.
„Не можам да кажам дека сме постигнале договор, но можам да ви кажам дека имаме една интересна идеја на маса“, изјави Бејли.
Тој не образложи што е предлогот, но на денешната средба партиите треба да се изјаснат околу оваа одлука.
[Рецензија: „Пржинскиот договор неуспешен, почнуваат преговорите за нов договор“]
Написот спаѓа во категоријата вести, но насловот воопшто не е прилагоден на содржината на текстот. Ова се забележува многу бргу бидејќи самиот текст го демантира. Насловот на оваа вест е нешто што е многу далеку од целосната вистина.
Линк до оригиналниот напис: „Пржинскиот договор неуспешен, почнуваат преговорите за нов договор“
Датум и време на објавување: 19.07.2016
Датум на рецензирање: 21.07.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Во текстот воопшто не се спомнува Договорот од Пржино. Зошто авторот не го објаснил насловот? Можеби бидејќи нема нешто такво како напишаното во насловот, па затоа и не може да се објасни.
„Денеска во 13 часот во резиденцијата на американскиот амбасадор, Џес Бејли, претставниците на политичките партии ќе се обидат да го решат и единственото спорно прашање, ингеренциите на министерот за внатрешни работи во техничката влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите.“
За јавноста е познато дека дискусиите меѓу политичките партии продолжиле во духот на реализација на Договорот од Пржино, за да се најде решение за недоразбирањата што ја попречуваат неговата имплементација. И МВР и ингеренциите на нејзиниот иден министер се дел од овој договор, за кој медиумите неколкупати посочија сомнежи дали ќе преживее, но меѓународните власти, посредници во овој процес, никогаш не рекоа дека тој е неуспешен.
„Амбасадорот изјави дека има интересна идеја и се надева дека ќе постигнат договор до крајот на неделата.“
„Не можам да кажам дека сме постигнале договор, но можам да ви кажам дека имаме една интересна идеја на маса“, изјави Бејли. “
За потребната хармонија меѓу насловот и содржината на еден текст, младите новинари учат со првите напишани текстови. Ускладеноста на насловот со содржината е повеќе од потребна во новинарството бидејќи насловот е патоказ за читателот за содржината на веста. Тој се разочарува ако во текстот не го најде тоа што му го ветува насловот. Ова јасно се кажува во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија.
Насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина.
Инаку, може да се каже дека содржината на веста е коректна. Има доволно информации, како продолжение на информирање за настаните во Пржино, има изјава од амбасадорот на САД, како важен фактор во овие разговори, и известува што се очекува понатаму.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
насловот не ја кажува вистината
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови

