verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фактите не се кријат лесно, исто и непрофесионализмот

on 14 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #239 - 'Kim Mehmeti e fsheh edhe biografinë e vetë, nuk tregon se ka qenë funksionar i BDI-së!' - www_zhurnal_mk_content__id=1

 

Напис: Ким Мехмети ја крие својата биографија, не кажува дека бил функционер на ДУИ!

Скопје, 20 февруари – „Ким Мехмети, македонски патриот кој албанството го направи своја професија“, е наслов објавен на порталот „Индекс онлајн“, на 29 ноември 2015 година.

Веста зборуваше за тоа како„писателот и аналитичарот Ким Мехмети ги коментирал обвиненијата против него дека некогаш ја поддржал ДУИ, додека пак денес ја критикува“, како што извести овој портал.

Но, ова етикетирање не е целта на нашата вест. Агенцијата за вести „Журнал“ ја истражи биографијата на Ким Мехмети објавена на интернет, каде недостига еден нејзин дел.

Во биографијата никаде не се спомнува периодот кога тој ја вршел функцијата одговорен на јавниот сервис, на Македонската телевизија, во редакцијата на албански јазик.

Ова прикривање на еден дел од биографијата изгледа било поттикнато од фактот дека Ким Мехмети одлучил да се занимава со политика и на овој начин сакал да го избрише минатото кое би можело да му наштети.

Поради тоа што постојано ја обвинува ДУИ, тој одлучил да го избрише делот од биографијата каде пишува дека беше именуван со согласноста од оваа партија.

Конкретно, Мехмети бил одговорен во Македонската телевизија, во редакцијата на албански јазик по 2002 година, кога ДУИ дојде на власт и го именува Мехмети на оваа позиција.

„Журнал“ ви ја пренесува неговата биографија без никаква интервенција:

Ким Мехмети е роден во с. Грчец, Скопје, во 1955 година. Познат е како писател, романсиер, раскажувач, есеист, публицист и преведувач од македонски на албански јазик и обратно.

Тој е еден од основачите на неделникот „Лоби“ што се печатеше во Скопје од 2001 до 2006 година. Бил уредник на списанието за култура „Јехона“ (Скопје), уредник на публицистичката активност при ИК „Флака е Велазеримит“ (1991-1992). Во институтот „Отворено општество“ – Македонија работел како координатор на публицистичката активност. Потоа работел како главен уредник за Македонија и во Европската информативна мрежа (АИМ)  и бил координатор на оваа мрежа за Западниот Балкан (1993-2003). Од 1997 до 2003 година, бил извршен директор на Центарот за мултикултурно разбирање и соработка во Скопје.

Ким Мехмети е иницијатор на повеќе граѓански иницијативи во Македонија и во регионот.

Освен на мајчиниот јазик, Ким Мехмети пишува и објавува и на македонски јазик. Првите литературни дела ги објавил на почетокот од седумдесетите години од дваесеттиот век по хрватски списанија. Ким Мехмети е роден раскажувач, тој не им се покорува на шаблоните, туку се предава на „везењето“ на неговиот расказен предмет. Затоа неговата проза е посебна и привлечна. Таа едноставно го грабнува читателот и го носи кон примамливите длабочини каде што оди неговата бујна фантазија, која се протега од фантазмагоријата на вистината и на реалноста, до нереалноста и фантастичноста. Судбината, како вага на животот, е тоа што го одредува творештвото на овој автор.

Ким Мехмети е добитник на наградата „Реџаи Сурои“ за најдобар албански роман во 2008 година.

Образложение на жирито: „За умешноста или колоритот на поетското раскажување, за умешноста на градењето на романтичниот момент, меѓу магичното и реалното, вистинитото и фиктивното, амбиентирано во неговото метафорично село, во кое се комбинира целата наша историја, во еден чувствителен период на агонијата на Отоманската Империја, Првата и Втората светска војна, сталинизмот и титоизмот, жирито анонимно одлучи наградата да му се додели на писателот Ким Мехмети, за романот „Деновите на Кртот“, издаден од ТОЕНА, Тирана во 2007 година.

Наградата за новинарство не се додели бидејќи, според проценката на жирито, независно од фактот што меѓу конкурентите имало квалитетни новинари, овојпат квалитетот на претставените текстови не се совпаѓал со високиот стандард што го поставило жирито за да ја додели оваа награда.

Делата на Ким Мехмети се преведени на германски, француски, бугарски, турски, хрватски и на други јазици.

Во продолжение го имате линкот за неговата биографија:
https://sq.wikipedia.org/wiki/Kim_Mehmeti

 

[Рецензија: Ким Мехмети ја крие својата биографија, не кажува дека бил функционер на ДУИ!]

Многу нешта не се во ред со текстот што го рецензираме, на кој изгледа дека примарна цел му е оцрнувањето и валкањето на една јавна фигура, а не информирањето или анализирањето на некој настан или појава. Текстот почнува со стар наслов (ноември 2015) од друг портал, актуализирајќи го без некоја причина или објаснување. Потоа, во содржината има обид да се анализира биографијата на Ким Мехмети, писател и аналитичар, во последно време и политички експонирана личност. Меѓутоа, изворите што се употребени се целосно неверодостојни и не ги исполнуваат ни минималните услови за да се наречат релевантен извор за сериозно новинарство.

Kim Mehmeti e fsheh edhe biografinë e vetë nuk tregon se ka qenë funksionar i BDI sëЛинк до оригиналниот напис:  Ким Мехмети ја крие својата биографија, не кажува дека бил функционер на ДУИ!

Датум и време на објавување: 06.06.2016

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

 

Новинарот го обвинил Мехмети дека прикрил дел од својата биографија, врз основа на биографијата објавена на „онлајн-мрежата“ за истражување – „Википедија“. Меѓутоа, се знае добро дека „Википедија“ не е релевантен извор на информации, поради можноста секој корисник да создаде, промени или избрише содржина без некој соодветен филтер. Ова го објаснува и самата мрежа „Википедија“ на својата страница.

„Википедија се пишува во соработка со голем број тајни доброволци кои пишуваат бесплатно. Секој што има пристап на интернет може да ги пишува или да ги промени написите на Википедија, освен во ограничени случаи кога промената е забранета, за да се спречи поделба или вандализам. Корисниците може да придонесат на таен начин, користејќи прекар или, доколку сакаат, користејќи го нивниот вистински идентитет“, пишува во објаснувањето на „Википедија“.

Со едно кратко истражување, новинарот би нашол доволно материјал дека споменатата личност, Ким Мехмети, никогаш не го прикрил својот ангажман во ДУИ во еден одреден период. Освен тоа, тој јавно им се извинил на Албанците за помошта што ја понудил на ДУИ, како што самиот кажува, верувајќи во тоа време дека ДУИ нема да стане вазал на ВМРО-ДПМНЕ.

Другото проблематично прашање во текстот што го рецензираме, е самиот наслов. Преку насловот, новинарот тврди дека Ким Мехмети бил функционер на ДУИ иако во текстот зборува за позицијата одговорен за редакцијата на албански јазик во Македонската радио-телевизија. Вака, свесно или не, новинарот прави уште еден гаф, бидејќи позицијата што ја имал Ким Мехмети е и заменик генерален директор на МРТВ во краток период, а не само одговорен за редакцијата на албански јазик. И да не зборуваме за изедначувањето на редакцијта на албански јазик на МРТВ со ДУИ, за што треба да се обезбедат дополнителни докази во текстот, кои ги нема. Барем теориски, јавниот сервис не е поврзан со политиката и вршењето некоја функција во оваа институција не го прави Ким Мехмети или кој било друг, функционер на ДУИ, туку јавен функционер.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови