Kонференцијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Настанот ќе обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и на организации кои работат на развој на оваа област, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства за справување со медиумски манипулации за да се зголеми квалитетот и отчетноста на медиумската продукција, преку промоција на новинарските стандарди и зголемено граѓанско учество.
Конференцијата ќе обезбеди платформа за дискусија на домашни и на меѓународни експерти во врска со загрижувачкиот глобален тренд на зголемени медиумски манипулации, како популистичка пропаганда и лажни вести објавувани во традиционалните медиуми, чие влијание се засилува преку социјалните медиуми, како и да укажат на можни решенија.
Настанот ќе биде отворен и за јавноста и доколку сметате дека претставници на други институции или организации би биле заинтересирани, Ве поттикнуваме да им ја препратите поканата.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство и/или присуството на претставници на Вашата организација преку официјалната веб-страница на конференцијата: www.e-society.mk.
За дополнителни информации, Ви стоиме на располагање и преку е-пошта (contact@e-society.org.mk) или на телефон 02/3109 325.