verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите и чувството за политички моментум

on 26 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik 

[Рецензија: Уставниот суд доби дозвола да одлучи за Kатица Јанева]

 

Има еден момент во текстот што го рецензираме кој оддава непринципиелност кога станува збор за аргументирана одбрана на неговата основна теза, а тоа е – да се оспори правната основаност на одлуката од последниот политички договор кој треба да го откочи заглавениот процес инициран со Договорот од Пржино од минатата година. Еве го тој, за нас, непринципиелен момент:

„Имено, не е сеедно дали станува збор за закон со кој се уредува урбанистички проблем и закон врз основа на кој може да се преземе кривично гонење со мерка притвор одредена во текот на истрагата и со можност за затворска казна за тешки кривични дела“.

Кога станува збор за функционирањето на правната држава, нема и не треба да има разлика за дела поврзани со урбанистички проблеми и со дела направени со злоупотреба на политичката моќ и позиција кои во цитираниот дел се опишани како кривични гонења со можност за затворска казна за тешки кривични дела.

Овој момент од медиумската содржина пред нас го издвојуваме зашто тој став оддава и непринципиелен професионален новинарски став во однос на генезата и на формите на политичката криза во земјата, која во најголема мера ја оштети токму правната држава и владеењето на правото. Токму затоа, решението на една таква длабока, институционална политичка криза, мора да се реши само со компромисна политичка волја и со политички решенија кои треба да ја реставрираат правната држава и владеењето на правото.

Тоа не е нешто што мора да го препознае секој медиумски професионалец. Ако е на повисока функција, уште повеќе.

0724206 Dnevnik SJOЛинк до оригиналниот напис: Уставниот суд доби дозвола да одлучи за Kатица Јанева

Датум и време на објавување: 21.07.2016, 18:23

Датум на рецензирање: 24.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БЕЗ ЧУВСТВО ЗА УМЕРЕНОСТ

Во случајот на текстот што е пред нас се соочуваме со една спротивна ситуација. Имено, овој новинарски прозивод не може да ја скрие политичката пристрасност и неизбалансираност и остуство на чувство за умереност во еден критичен моментум.

Тука некој може веднаш да го соочи прашањето на слободата и изборот на ставовите на новинарите по одредени сложени политички прашања. Тоа не е спорно, но во таквите случаи се работи за текстови кои спаѓаат во категоријата колумни или мислења и како такви, според професионалните стандарди, треба да бидат обележани.

Преамбулата на Кодексот на новинарите го гарантира правото на новинарите да споделуваат мислења и да коментираат:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат.

Но, втората половина од тој став на преамбулата на „новинарскиот устав“, бара од нив да ги почитуваат  етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите и да бидат чесни, објективни и точни.

Ова е особено апликативно на темата што ја обработува овој текст, како осврт на една сериозна политичка и општествена криза. Таквите настани не се сеопфатни доколку  новинарски се „решаваат“ со изнесување мислења и коментари, бидејќи се работи за сложени политички процеси кои треба да се објаснат од аголот на стручни, засегнати и на експертски страни, кои рационално и разборито ќе објаснат дали воопшто е доведена во прашање правната перспектива на решението на политичката криза.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови