Рецензии

Куќата на братучедите на опозицискиот лидер претворена во врвен јавен интерес

на 29. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Како Заеви станаа сопственици на хациенда на Халкидики од три спрата за само 110 000 евра?]

  По објавувањето на телефонските разговори поврзани со плацеви на Водно што профитерски ќе се продаваат одпремиерот, како што беше објавено во „бомбата“ на опозиционерот Зоран Заев од 15 март, можеше да се очекува некаква медиска контраофанзива. Сега веќе ја знаеме и накусо таа гласи – Заеви купиле хациенда во Грција. Значи, минативе десетина денови речиси нема провладин медиум кој не го користи зборот хациенда, кој доаѓа од шпанското говорно подрачје и кој веројатно треба да асоцира на нешто големо. Идејата е, секако, да се изгради мост од тоа нешто големо кон „фактор два“ – ниска цена кој посочените, „фактор три“, во

Селективни факти, манипулирани факти, спинувана вистина

на 27. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски]

  Текстот што го рецензираме и којшто заслужува негативна рецензија, селективно ги прикажува фактите, манипулира со нив и ја спинува вистината. Па, наместо да ја информира јавноста дека лидерот на СДСМ  на 23 март 2015година  објави неколку телефонски разговори, за кои тврди дека се меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски и во кои, наводно, „Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата“. Написот, комплетно ги извртува тезите и ја пласира приказната дека Цаноски бил тој кој признал дека имало грешки при градбата! Линк до оригиналниот напис: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски Датум и време на објавување:

Пропаганда: Едностраните аргументи не информираат, туку убедуваат!

на 27. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните]

  Ова е класичен пример на политичка пропаганда во еден текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека опозицијата сака да ѝ нанесе штета на државата, а со тоа и на општото добро на народот, а владата, олицетворена во ликот на Никола Груевски, е претставена како Бог во кој народот го гледа единствениот спас од лошата опозиција. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните Датум и време на објавување: 23.03.2015 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Заев фрла со „бомби“ кои се штетни за државата,  ВМРО-ДПМНЕ враќа со позитивни мерки.  Намалувањето на невработеноста, подобрување

Напис како трансмитер на говор на омраза

на 25. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници]

  Овој текст има проблем со лошо пренесена изјава на соговорникот кој отворено повикува на мобилизација, ликвидација и притоа употребува говор на омраза и непристоен вокабулар кој не е прифатлив за објавување во медиум. На тој начин се прекршени одредбите на домашните и на меѓународните кодекси на новинарите, кои за вакви пригоди предвидуваат посебна процедура со која на новинарот му се дава право на соговорникот или политичар да му ја ограничи слободата на говорот. Линк до оригиналниот напис: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници Датум и време на објавување: 22.03.2015, 13:37 Датум на рецензирање: 23.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  

НОВИНАРОТ НЕ Е МЕГАФОН

Земен е еден

„Платениците на Сорос“ – добро научена мантра и етикета за секоја манџа

на 25. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Нервозниот Заев, СДСМ и платениците на СОРОС со сценарио за дестабилизација на Македонија преку „Ал Џезира“]

  Ова е уште еден текст кој оцрнува и омаловажува, притоа не ги согледува фактите, а во поголемиот дел и ги злоупотребува. Написот манипулира, извртува вистина, спинува. Нема критички осврт, нема дебата во текстот, дури и на колегите новинари кои се напаѓаат не им е дадено правото да се „одбранат“. Тоа значи дека текстот уште на почетокот го крши членот 16 од Кодексот на новинари: Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. Линк до

Лоша медиумска содржина со целосно изместено тежиште

на 25. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не прислушувала]

  Веќе на прв поглед, насловот „Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала“, навестува дека на читателите им се подметнува тенденциозен и манипулативен текст. Всушност, се работи за уште еден од оние написи кои нагласено се трудат да ја амнестираат власта од аферата „Прислушување“ и да ја убедат јавноста дека тоа го правеле странски служби, се разбира, со помош на опозицијата! Линк до оригиналниот напис: Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала Датум и време на објавување: 20.03.2015, 16:19 Датум на рецензирање: 24.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ДИРЕКТОРОТ НА УБК „ЖРТВА“ ВО „ПРИСЛУШУВАЊЕТО“!

Станува збор за материјал кој

„Соросов“ – епитет што го милува власта, ама овде е „паднат од небо“

на 24. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија:  СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум]

  Имаме кус напис кој требалo да претставува едноставно пренесување на соопштение на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), во кое остро се реагира на протестот на „Наставнички пленум“. Но, работата „забегува“ веднаш на почетокот и тоа во насловот. „Залепена“ е квалификација која целосно го изместува текстот и му дава сосема друга насока, би рекле партиско-политичка. Линк до оригиналниот напис: СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум Датум и време на објавување: 22.03.2015, 14:46 Датум на рецензирање: 23.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НАСЛОВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА „МАГИСТЕРСКА“ ПО МАНИПУЛАЦИЈА

 Прецизно, кусо, директно – ова се само некои од карактеристиките што треба да ги има секој новинарски наслов. Во конкретниот случај тоа не е

Ова не е новинарство: Наклевети, па напиши ќе видиме дали клеветава е точна

на 24. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?!]

  Од авион може да се види дека овој текст е политички пристрасен и дека има цел да го дискредитира генералот Стојанче Ангелов и неговиот обид, како што тој самиот вели, „да ја преземе Македонската радио-телевизија“. Во текстот нема никакви извори туку само обвинувања на основа на разговор меѓу бранители

Рецензија: Каде е разговорот помеѓу Бобо Дајнерс и Сашо Мијалков

на 24. 03. 2015 | |
  Меѓу личностите од опозицијата, која е почесто на удар на медиумите од провладина провениенција, е и потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска. Една бајата, па подгреана афера, што потекнува директно од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводна злоупотреба од местото на директорската позиција на сопругот на Шекеринска, послужи како вовед и мотив за изработка на овој текст. Неговите карактеристики укажуваат на тоа дека аферата „кирија од 5.000 евра“ е само шлагворт во политичко-пропаганден текст, чија единствена содржина и мотив за објавување е напад врз личноста на Шекеринска, нејзино оцрнување пред јавноста, атак базиран на приватниот живот на политичарката и на нејзиното семејство за да ѝ се наштети на нејзината репутација. Притоа, се игнорираат демантите за веродостојноста на аферата „кирија

Oтворeни сомневања за професионалниот капацитет на овој текст

на 23. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Овие луѓе сакаат крв и војна]

  Не е спорно дека новинарите и медиумите можат да заземаат страна, но тоа право оди заедно со обврската да се биде чесен, објективен и точен. Така вели преамбулата на Кодексот на новинарите: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни