Ова не е новинарство: Наклевети, па напиши ќе видиме дали клеветава е точна
Објавено во Рецензии
on 24 - 03 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?!]
Од авион може да се види дека овој текст е политички пристрасен и дека има цел да го дискредитира генералот Стојанче Ангелов и неговиот обид, како што тој самиот вели, „да ја преземе Македонската радио-телевизија“. Во текстот нема никакви извори туку само обвинувања на основа на разговор меѓу бранители на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?!
Датум и време на објавување: 17.03.2015
Датум на рецензирање: 23.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
На социјалната мрежа „Фејсбук“, поранешни бранители го обвинуваат Стојанче Ангелов дека земал по 5.000 евра кеш од струмичката компанија „Еленица“, блиска на Зоран Заев.
Она што логички се наметнува како прашање во првиот пасус од текстот е кои се тие бранители и како наведената компанија „Еленица“ е поврзана со лидерот на опозицијата Зоран Заев?
Но, одговор на овие прашања нема никаде во текстот. Бранителите, кои се посочени во текстот и кои го обвинуваат Ангелов дека земал 5.000 евра за да организира протести пред МРТ, се анонимни, без име и презиме. Нема ниту изјава од некој од нив ниту, пак, е посочено на чиј ѕид на социјалната мрежа „Фејсбук“ била поставена ваква објава. Од сето ова, лесно може да се заклучи дека целиот разговор е измислен или дека можел да го напише кој било, односно тоа да не се бранителите.
Општо познато е дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ секој може да отвори профил, па, според тоа, може да станува збор и за некаков лажен профил, а со самото тоа и лажна информација, за да се пушти „патка“ во јавноста, да се оцрни Ангелов и тој да се поврзе со лидерот на опозицијата. За ова, секако, нема никакви докази и факти.
„Во дискусијата се вклучуваат и неколкумина други бранители, кои тврдат дека информацијата е точна и дека Ангелов нудел и дневници во износ од 800 денари за секој што ќе дојде да протестира со него.“
И тука повторно не е наведено кои се тие бранители, туку се нагласени само обвинувањата против лидерот на Достоинство, за на крај авторот на текстот да напише дека „останува да видиме дали овие информации се точни“. Недозволиво во новинарството е новинарот да се повикува на некаков си разговор на социјална мрежа и од тоа да направи текст со сериозни обвинувања, без притоа да ги провери таквите информации изворно. Ако е така, секој може од милионите чаршиски разговори кои се вртат на социјалните мрежи да прави текст и да го пласира како сензационалистички за што поголема читаност.
Авторот би требало да ги контактира наводните бранители, да побара од нив официјална изјава, макар и анонимно, а потоа да побара изјава и од Ангелов. Тоа е задача и должност на новинарот, да го информира читателот, а не да чека да види дали информациите биле точни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови